Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

„Мерк“ и „Модерна“ прават вакцина против карциноми

„Мерк“ и „Модерна“ прават вакцина против карциноми

Американската фармацевтска компанија „Мерк“ , заедно со компанијата „Модерна“ ( изработи една од вакцините против коронавирусот) работат на создавање персонализирана  mRNK вакцина против карциноми.

Медиумите во САД пишуваат дека експерименталната вакцина на „Модерна“ веќе се тестира во содејство со познатата и популарна имунотерапија против карциноми Keytruda на „Мерк“. Според информациите што се пласирани во јавноста, работата на една ваква вакцина се наоѓа во средна фаза на испитување, на пациенти кај кои е регистриран меланом.

Првите податоци за оваа вакцина се очекуваат кон крајот на оваа година.

Експертите објаснуваат дека големиот пазар на вакцини против коронавирусот , што предизвија 2,5 годишна глобална пандемија, каква немало повеќе од 100 години, значително да биде намален , после рекордната 2021 година, според побарувачката и потрошувачката на анти-ковид вакцините. Компанијата „Модерна“ затоа верува дека нејзината вакцина против грип и синцицијалниот вирус што го напаѓа респираторниот систем, може да биде основа за новиот проект на оваа компанија и нејзиното свртување кон истражувањето вакцина против карциномите.

Станува збор за таква вакцина против карциноми која е прилагодена да генерира т.н. Т-келии кои се клучниот одговор на телото врз основа на специфичната мутација на туморите.

Во 2016 година, овие две компании се имаат договорено за стратешко партнерство околу развојот на персонализирана вакцина за лекување на разни видови карциноми.

Медиумите претходно објавија дека интензивно се работи на вакцина против најсмртоносниот и најагресивен карцином на женските гради .

Клиниката во Кливленд, во сојузната држава Охајо, во САД, веќе има започнато тестирање на новиот производ врз жени- пациенти кај кои карциномот не реагира на хормонските и другите терапии со лекови, па лекарите излез во борбата со болеста  бараат во мастектомијата.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе