Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

„Новата влада на Србија свртена кон Исток“

„Новата влада на Србија свртена кон Исток“

Во Белград е соопштен составот на новата влада на Србија од која домашната , но и европската јавност се очекува да се определи за прашањето во врска со воведувањето санкции за Русија. Во таа влада клучна фигура станува ( не премиерот Ана Брнабиќ) , туку лидерот на српските социјалисти Ивица Дачиќ, а тој важи за проруски определен политичар.

Вака московскиот весник „Комерсант“  ја опишува политичката ситуација во Србија по обелоденувањето на министерскиот состав и распределбата на министрските места , оценувајќи дека новата влада е „свртена кон Истокот“ , што ќе рече кон Русија.

Оваа своја констатција ја поткрепува со податокот за елиминацијата од владата на министерката Зорана Михајловиќ која досега беше и владин  потпрететседател.

Елиминација на прозападната министерка

Рускиот весник за неа вели дека била „силно прозападно отиентирана политичарка“  и потсетува дека таа на неколку пати, јавно, ја има обвинувано Русија дека во Украина води освојувачка војна. Според  „Комерсант“ Михајловиќ беше најгласниот заговарач за ускладување на српската надворешна политика со онаа на ЕУ (што инаку е една од главните обврски на земјите кандидати за влез во Унијата), како  и за свртувањето на Белград кон Западот.

Рускиот весник цитира  и белградски аналитичари кои исто така сметаат дека новата српска влада е проруска, иако „Комерсант“ оценува дека новиот владин состав не значи оти со сигурност може да се тврди дека Белград нема да и воведе санкции на Русија.

„Една од приоритетните задачи на владата  е прашањето на воведувањето санкции на Русија. Србија останува единствената меѓу земјите-членки на ЕУ, како и меѓу оние кои се земји-кандидати за влез во Унијата, која се нема приклучено на анти-руските мерки“- пишува „Комерсант“.

Дачиќ клучна личност

Овој весник повеќепати досега ја има повикувано владата во Белград да се определи по ова прашање, како и тоа дека не ќе може и понатаму да се опира на западните притисоци и да не се определува на која страна сака да припаѓа- на Западот или на Истокот.

На српските власти , исто така, им се порачуваше дека не ќе можат и натаму да „седат на неколку столчиња“ ,  при тоа оценувајќи дека српската страна , на крајот. ќе се определи за санкции за Москва, поради војната во Украина.

„Комерсант“ притоа наведува дека српскиот претседател , уште во август соопшти дека Ана Брнабиќ останува на својата функција и дека одново ќе биде мандатор  Но, за неа  московскиот весник забележува дека таа продолжува да бега од улогата на самостојна личност во владата, крајно ревносно следејќи ја политиката што ја промовира и ја брани шефот на држвата Александар Вучиќ, наместо да биде обратно, како што е предвидено со Уставот на земјата.

Во една таква ситуација , станува јасно дека Дачиќ се истакнува како клучната личност во новата влада – констатира „Комерсант“.

Без Србија на Кримскиот форум

Со неговата позиција се согласуваат и аналитичари во регионот кои сметаат дека руското влијание , преку повторното поставување на лидерот на српската партија СПС за шеф на дипломатијата ја определува Србија свртена кон Истокот.

Тоа уште повеќе ќе биде истакнато со  именувањето на Александар Вулин , досегашен министер за внатрешни работи, а пред тоа  за одбрана, за раководител на српската тајна служба БИА за кого во Белград се тврди дека е  целосно свртен кон Русија и дека е најсилно изразениот антизападен и анти ЕУ политичар во српскиот политички врв.

Написот и анализата на московскит весник доаѓа непосредно по одржувањето на конференцијата Кримски форум  во Загреб, што беше иницирана од Украина.

На Форумот на кој учествуваа претставници на парламентите на 40 земји ( американскиот Конгрес го претставуваше спикерот Ненси Пелоси) , не учествуваше Србија, иако организаторот на конференцијата, владата на Хрветска, ја има покането.

Москва барала Белград да не учествува

Во дел од белградските проевропски определени медиуми веднаш се појавија иформации за тоа дека отсуството на српската делегација и на претеседателот на српскиот Парламент го има побарано официјална Москва.

За ваквите тврдења се посочува службената забелешка што ја има направено Парламентот (Скупштината) во Белград, по средбата на парламентарниот претседател Владимир Орлиќ со рускиот амбасадор во Србија Александар Боцан Харченко, одржана пред еден месец.

Во официјалниот документ за средбата и за разговорот, што медиумите го стават на увид,  прецизно се наведени зборовите на рускиот дипломат кои во таа прилика- „изразил надеж дека Србија нема да учествува на конференцијата Кримска платформа“.

Некои западни дипломати веќе реагираа , согласувајќи се дека официјелен Белград не присуствуваше на конференцијата за Украина под притисок на руското барање, но и дека составот на новата влада на Србија го најавува целосното свртување на земјата кон Истокот и Русија, онака како што тоа го заклучува и московски„Комерсант“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе