Наместо вакцина 600 бебиња примиле физиолошки раствор
Српските здравствени власти потврдија дека 600 бебиња од главната гинколошка клиника „Народен Фронт“ во Белград, наместо вакцина БСЖ , против туберкулоза, примиле физолошки раствор.
Инцидентот се случувал во период од еден месец- меѓу 16 септември и 10 октомври оваа година – и тоа траело се додека не бил откриен големиот пропуст. Уште две недели, потоа, се чекало пред да се обелодени случајот и да се известат родителите за направената грешка и за тоа дека нивните бебиња, всушност, не се вакцинирани.
Вакцината против туберкулоза е задолжителна во Србија и таа мора да се даде на секое бебе во првата година од животот, до наполнети 12 месеци.
„Недоразбирање и невнимание“
Во изјава за медиумите, новата српска министерка за здравство , има речено дека не треба да се создава паника во јавноста, затоа што здравјето на бебињата не е загрозено, бидејќи станува збор за раствор што, инаку, се содржи во самата вакцина. Признавајќи , само дека случајот е пример за недоразбирање и за невнимание на службите во гинколошката клиника.
Според здравствните власти, настанала забуна поради начинот на кој биле спакувани вакцините. За разлика од обично, овој пат вакцините биле одделно спакувани од растворот, затоа што биле набавени од различни производители. На тој начин, настанала замената на кутиите,па бебињата биле „вакцинирани“ со физиолошкиот раствор , а не со вистинската вакцина.
Обвинителството во Белград побара од полицијата да го испита целиот случај и да се види дали има основа за кривично гонење. Но, белградските медиуми откриваат дека виновникот веќе бил најден во вработените во аптекарското одделение на клиниката.
Српската јавност е револтирана од ваквото откритие, додека опозицијата бара и полициска и парламентарна истрага за она што се има случено. Обвинувајќи ја притоа власта дека инцидентот со вакцините БСЖ „само ја покажува вистинската состојба на јавното здравство и големиот јавашлук во него“.
Грешка во аптекарското одделение
Најреволтирани, но и исплашени се родителите чии бебиња се меѓу оние шестотини кои не се вакцинирани.
Тие сега предупредуваат дека ваквиот јавашлук не може да се минимизира како невнимание и грешка. Во изјави за медиумите , родителите прашуваат што ќе беше доколку наместо физиолошки раствор, се измешаат други кутии , па децата примат нешто што не треба и што е опасно. Сега се изразува сомнеж и во квалитетот на самиот раствор.
Првите објаснувања од болницата се дека во растворот немало никаква друга , ниту било која активна супстанца, а ниту материјали кои би можеле да предизвикаат некаква алергија. Се инсистира дека во ниту еден момент здравјето и животите на бебињата не биле загрозени.
Сега се најавува ново вакцинирање на децата – со вакцина- и притоа се уверува дека сите 600 бебиња ќе бидат вакцинирани до наполнети 12 месеци.
(Д.Б.)