Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Војна за регистарските таблички на возилата

Војна за регистарските таблички на возилата

Србија и Косово (одново) се во војна за регистарските таблички на автомобилите и уште еднаш се соочуваат со „Денот – Д“ , како што тоа беше и во текот на изминатото лето. Тогаш, безмалку се најдоа на работ од посериозен конфликт, со можно дестабилизирање и на регионот, околу (техничката ) одлука на владата во Приштина ( од 2020 година) за пререгистрација на моторните возила.

Станува збор за намерата на косовските власти – и населението на крајниот север на Косово , со северна Митровица, кое го сочинуваат локалните Срби – на своите возила да имаат регистрски таблички со ознаката РКС (Република Косово) , наместо нивните сегашни таблички кои се еднакви со оние кои ги имаат возилата на територијата на Република Србија.

Локалното српско население и нивните политички лидери одбиваат тоа да го направат, тврдејќи дека замената на табличките би значело„ признавање на независно Косово“ што тие никако не сакаат да го прифатат.

Србите против косовски ознаки

Во тоа свое спротивставување ја имаат силната подршка на официјален Белград, кој ги застапува истите аргументи како и оние на Косовците- замената на српската табличка со косовска- би било акт на признавање на „отцепената покраина“.

Косовската страна, пак , ја обвинува Србија дека таа го потикнува спротивставувањето на локалното српско население, за свои домашни политикански потреби и за одржување на тензијата меѓу Белград и Приштина од која ( се вели)  најмногу профитира српскиот претседател. Така и се објаснува ситуацијата дека досега само 30 од вкупно девет илјади возила  (во „српскиот дел “ од Косово) ги прифатиле новите, косовски таблички. За три автомобили од тие триесет уште  се знае дека биле запалени.

Во текот на летото, атмосферата околу ова прашање многу се вжешти, откако Србите почнаа да ги блокираат сите гранични премини во северно Косово, па во еден момент,  мораше силите на КФОР ,   да бидат ставени ставени во состојба на готовност.

Кризата, меѓутоа,  се разреши по мирен пат, со интервенција и посредување на ЕУ/САД , со чија помош во последен момент, се постигна согласност владата на премиерот Албин Курти да ја одложи мерката до 1 ноември.

Краен рок – 1 ноември

Тоа значи дека веќе од вторник, од првиот ноемвриски ден , косовските власти ќе почнат да ги симнуваат српските таблички на возилата на жителите на косовските Срби од реонот на (северна) Митровица и селата и населбите кои гравитираат кон границата со Србија, доколку не сакаат да стават , нови, косовски.

Според првичната одлука , полицијата можеше и да ги запленува возилата кои немаат косовски ознаки, но таквата мерка е дискретно повлечена, за да се избегнат поголеми тензии и конфликти.

Сепак, изгледаше мирно и во последната недела од октомври,  откако се објави дека американскиот специјален пратеник Ескобар се спогодил – рокот за замена на табличките да се пролонгира за уште десет месеци- до кога се очекува да се најде решение за нормализација на однисите меѓу двете земји.

Бранувања настана кога Курти соопшти дека Приштина не прифаќа пролонгирање на рокот за табличките, што ќе рече дека на 1 ноември косовските власти ќе почнат со примената на новата мерка. Неговите аргументи се дека со Ескобар имало само усно согласување, но дека работите се измениле кога се утврдило дека постои голема „валкана игра“ на српската страна со табличките за возилата . Според него,   целта е да не се постигне согласност за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Купување српски  таблички

Косовскиот премиер тврди дека Приштина „има докази“ за тоа дека севернокосовските Срби, илегално купуваат, или добиваат од Србија таблички од непостоечки возила , или од оние кои се надвор од сообраќај, со ознаки од разни градови во Србија , па така влегуваат  и остануваат на косовска територија.

Засега нема докази за ваквото тврдењње , иако тоа не значи дека таквата игра не  е неможна. Но,  изјавата на Курти дека нема да се почитува даденото ветување на Ескобар, предизвика остра и заканувачка реакција од Белград.

Прво, претседателот Вучиќ се сретна со делегација на косовските Срби , порачувајќи им дека нема да има попуштање  пред одлуката на Косово, што тој ( во свој стил) ја објасни како- нема да има предавање – пред косовските власти.
Веднаш потоа се одржа и итен состанок на Советот за национална базебедност на Србија, од кој нема никаква информација, освен вообичаената порака во вакви прилики дека Србија „ останува со својот народ на Косово“ и дека ќе го брани, па на тој начин уште повеќе  се зголемија тензиите.

Закана со „жесток отпор“

Косовските Срби порачуваат дека нема да попуштат на барањето на владата во Приштина, а дека доколку таму се одлучи , мерката да се примени по секоја цена- тие ќе пружат „жесток отпор“ за кој се тврди дека ќе биде „мирен и ненасилен, но одлучен“

Во случај, пак, властите да почнат да ги одземаат српските таблички, или дури да ги конфискуваат возилата без косовска регистрација, локалните Срби се закануваат дека ќе го блокираат Косово од целиот негов север.

Српскиот претседател не се спротивставува  на една ваква радикална мерка. Тој само тврди дека – на Белград не му била дадена шанса нешто да биде прифатено во разговорите за табличките. Притоа, нсистира дека кога „веќе нема ознака КС (Косово) , тогаш ќе остане сегашното КМ, односно Косовска Митровица. Но, дека е сигурно  оти нема да се прифати РКС (Република Косово)“ .

Ова прашање и покрај  палењето на атмосферат –  според аналитичарите –  за српски и косовски политички потреби-  сепак, не е ништо ново . За него е разговарано уште пред шест години, па потоа и во 2018 година, кога е вршена пререгистрација на возилата во државата.

Белград бара „неутрални ознаки“

Она што се знае е дека Белград постојано бара нешто што го означува како – „статусно неутрална регистарска табличка“ , односно, како регистарска ознака која нема да определува статус. Ниту дека е во прашање Република Косово, а ниту дека возилата се дел од територијата на Република Србија.

Во секој случај, како и да се гледа на оваа нова криза на реалацијата Белград-Приштина , ситуацијата останува и тензична и неизвесна.

Затоа што останува неодговорено прашањето- што доколку овој ( во основа маргинален проблем) кој никако не значи дека со косовска табличка, митровчани и Белград ја признале косовската независност- излезе од контрола . Ставањето на  националистичките страсти над разумот- на Косово  и на Балканот  лесно може да се случи, па  војната за сообраќајните таблички да се претвори во вистински конфликт, во кој ќе се употреби и оружјето.

Брисел, од своја страна, порачува дека будно ја следи ситуацијата, а случајно, или не во Западен Балкан и во Косово и Србија, во овие денови престојуваше претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. И, ја очекува  разврската околу рокот за почеток на пререгистрацијата, изразувајќи надеж дека , сепак, ќе се постигне согласност за одлагање на почетокот на мерката.

Потпалување на атмосферата

Портпарол на Унијата , за неа вели дека таа е легитимна и дека косовската влада има право  да ја дозаокружи својата посебност, но бара таа да биде постепено применета. Од Белград, пак, се бара да ја смири атмосферата која, онака како што се движи, може да одведе до посрериозен конфликт.

Засега, меѓутоа, ниту Приштина се повлекува од својата намера, ниту српската страна настојува да ги намали тензиите.

Директорот на канцеларијата на владата на Србија за Косово , наместо да  смирува ,  се огласи од Белград дека косовскиот премиер Курти -наводно- спрема „пекол за Србите во Косово“. Во исто време, српската полиција го запре потпретседателот на косовската влада , на 100 км пред Белград , каде требаше да зборува на еден Форум за мултинационални односи. Го врати назад во Приштина, наводно, од безбедносни причини.

Претставата, на тој начин- продолжува, како што тоа се правеше и летоска. Таков е впечатокот на дипломатските посматрачи во Белград, но и на дел од српските аналитичари. Во овие услови,затоа,  и смешно и тажно делува изјавата на американскиот амбасадор во српскиот главен град дека- „знае за војни кои почнале за територија, за граници, за население, но дека не знае за воен конфликт – за регистарски таблички на автомобили“.

(С.Г..)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе