Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Почина Иранецот кој живееше на аеродромот во Париз

Почина Иранецот кој живееше на аеродромот во Париз

Иранскиот политички бегалец Мехран Карими Насери кој 18 годни живееше во еден дел од аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз, починал од- како што е соопштено-  природна смрт. Имаше 77 години.

Неговиот крајно необичен случај послужи како инспирација за правењето на сценариото за филмот „Терминал“ на Стивен Спилберг, снимен во 2004 година, во кој главната улога ја имаше Том Хенкс.

Терминалот 2Ф како дом

Иранецот за кого се вели дека  има потрошено поголем дел од парите  добиени  од филмската компанија, за користењето на неговиот лик, според аеродромските власти, пред неколку недели се вратил во „својот оддел“ на терминалот 2Ф на  аеродромот, каде персоналот и го има најдено умрен.

Меѓу неговите лични работи, властите откриле и неколку илјади евра.

Насери потекнува  од иранската провинција Хузестан, а на  аеродромот прв пат има дојдено и  набрзо и населено, уште во ноември 1988 година, откако има поминато низ неколку европски земји, не успевајќи никаде да се избори да добие  дозвола за престој.

За него сега се тврди дека е жртва на дипломатските игри и на крутите и бирократски прописи на европските имигрантски служби.

Протеран  од неколку земји

Неколку пати, француските  власти го бркале од аеродромот, затоа што немал потребни документи, но иако Французите подоцна му имаат доделено  статус на бегалец, како и дозвола за постојан престој во Франција, тој се враќал во своето аеродромско живеалиште. Таму и почина од се уште до крај неразјаснети околности, иако не станува збор за насилна смрт.

Од Иран избегал во Европа, настојувајќи  да ја најде својата мајка. Неколку години поминал живеејќи во Белгија , од каде сепак, бил протеран. Причината била- затоа што немал прописни мигрантски документи. Потоа го протерале и имигрантските власти во Британија, во Холандија и Германија.

Тогаш одлучил да замине во Франција, каде набргу терминалот 2Ф на аеродромот „Шарл де Гол“ го претворил во свој дом.

Живот на политички бегалец

На аеродромот многу брзо се има зближено со повќето од вработените, а во текот на годинити поминати  на терминалот, станал  своевиден симбол на  најголемиот париски и француски аеродром.

Својот простор ги има уредено за живеење, благодарејќи на  помошта  и разбирањето  на некои од луѓето на аеродромот , па набавил легло за себе и создал елементарни услови за престој.

По премиерата на филмот  , кога меѓународната јавност разбра за судбината на Насери,  бројни новинарски екипи имаат правено специјални прилози и репортажи за него и за неговиот живот на бегалец. Тогаш има откриено дека деновите ги минува пишувајќи за својот живот, како и читајќи книги и весници.

Не се знае каде го има минувано времето кога не бил на аеродромот, после примањето на парите од филмот „Терминал“. Не се знае ниту зашто се вратил на 2Ф  , во своето парче од аеродромската територија, кога кај него се уште имало доволно пари за да живее попристојно, на некое друго место.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе