Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Џеф Безос се откажува од дел од богатството

Џеф Безос се откажува од дел од богатството

Американскиот милијардер Џеф Безос, основач на „Амазон“ соопшти дека во текот на својот живот ќе се откаже од поголемиот дел од своето богатство, за да го подари на разни добротворни и хуманитарни организации.

Ова е прв пат Безос , кој сега има 58 години , јавно да објави дека ќе подари поголем дел од богатството со кое располага.

Тој ја нема потпишано иницијативата на американските милијардери „Ветување за подрарок“ која уште во 2010 година ја имаат покренато Американците Ворен Бафет и основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс. Но, на медиумите им потврдил дека ќе „подари поголем дел од своето богатство“.

Иницијатива на Бафет и Гејтс

Иницијативата на Бафет и Гејтс, инаку, е покрената за да  ги потикне могу богатите луѓе и милијардерите , во форма на подароци ,  да дадат повеќе од половината од своето големо богатство за хуманитарни цели.

Според проценките на агенцијата „Блумберг„ сега Безос има богатство кое се проценува на 125 милијарди долари. Тоа е помалку отколку во претходните години и во времето пред глобалната пандемја и сегашната криза, кога Безос важеше за најбогат човек во светот.  Сега е рангиран како четврти на листата на најбогатите.

Најголемиот дел од неговото богатство се врзува за компанијата „Амазон“ која минатата година се соочи  со пад на акциите на берзите, што влијаше неговото богатство да се намали, иако тој и натаму е исклучително богат човек.

Четврти најбогат во светот

Освен „Амазон“ , Безос ги поседува угледниот американски весник „Вашингтон Пост“ , потоа вселенската компанија „Блу Ориџин“ , како и „Безос Ерт Фонд“ ( Bezos Earth Fund) , посветен на планетата Земја. Овој фонд го има создадено во 2020 година и во недо досега има вложено десет милијарди долари.

Резервата кон приклучувањето на иницијативата на Бафет и Гејтс ја има досега објаснувано само со настојувањето да биде сигурен дека неговите подароци ( во пари) ќе бидат употребени на најдобар можен начин.

Во едно интервју, има реченоо дека тој и неговата нова животна  партнерка Лорен Санчез  работат на тоа за да се уредат капацитети во кои подарените пари најефикасно ќе се искористат.

Поранешната сопруга – милијардерка

Претходно, Џеф Безос беше соочен со „најскапиот развод во америкнската правна историја“, според тврдењето на медиумите во САД, кога неговата поранешна сопруга Мекензи Скот „извлече„  за себе безмалку  20 милијарди долари во бракоразводната парница.

Сега таа располага со богатство од 24 милијарди, а минатата година предизвика бранување во светот на филантропите кога објави дека подарува шест милијарди долари на разни хуманитарни организации. За разлика од Безос, при подарувањето таа нема побарано никакви гаранции, ниту посебни барања како докза за тоа каде ќе одат парите.

Во 2019 година, набрзо после разводот, Мекензи Скот се приклучи на иницијативата „Ветување за подарок“  и се обврза дека најмалку половина од своето богатство ќе го даде за добротворни и хуманитарни цели.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе