Банкротство на трговецот со криптовалута
Американската компанија „FTX Trading” која се занимаваше со трговија со криптовалути објави банкротство , што веднаш предизвика шок и паника во финансискит свет.
Компанијата се обиде да ја смири јавноста уверувајќи дека располага со имот и богатство кое се движи меѓу десет и 50 милијарди долари, како и дека има над 100 илјади клиенти, но тоа сепак не ги смири инвеститорите.
Многумина мислат дека падот на оваа компанија- трговец со криптовалути може да има погубен и да предизвика домино- ефект, сличен на оној по падот на банката „Лиман Брадерс“ во 2008 годинна, која предизвика глобална финансиска криза од која светот не можеше да се опорави десет години.
Закана за финансискиот свет
Конгресот на САД, затоа, веднаш покрена истрага за околностите кои ја натераа платформата FTX откако стана јасно дека нејзините клиенти, забрзано, настојуваат да извлечат шест милијарди долари. Конкурентските платформи се обидоа да помагаат во спасувањето на FTX , на тој начин спасувајќи се и себеси , но брзо се откажаа од тоа.
Всуѓност, конгресната истрага се сведува на серија разговори со бројни финанасиски експерти, посебно оние вклучени во бизнисот и трговијата со криптовалути, за да прецизно се разбере што се има случено.
Медиумите во САД, меѓутоа, прашуваат како една ваква платформа брзо се има зголемено и уште побрзо има создадено толаво богатство , за да нејзиниот пад, низ прогласеното банкротство, сега се претвора во закана и надвор од светот на криптовалутите.
Експресно збогатување
Сега се открива, на пример, дека оние кои се бизнисот со пари и во финансискиот свет ги следеле движењето на платформата, но и некои потези кои биле преземани . И , сега се признава дека се очекувало еднаш да се случи вакво нешто. Медиумите откриваат дека сомнителните состојби биле пријавувани на финансиските инспекциски служби кои минувале без некои позначајни реакции, па затоа се предвидува повторните истраги да откријат многу валкани работи.
Потврда дека американската финансиска истрага се има вклучено во испитувањето на банкротот на компанијата „FTX Digital Markets Ltd” доаѓа и од Бахамите, од тамошните органи, каде било и седиштето на компанијата. Тие сега признаваат дека имало сомневање за нелегално работење кое дури сега треба да се утврдува.
Специјалниот управник кој е именуван даго спроведе банкротот има изјавено дека компанијата соработува со истрагата, во настојувањето да се спаси имотот на сите оние кои тргувале со криптовалута преку оваа платформа- како во САД, на Бахамите ,така и насекаде во светот.
Истраги без резултат
Во меѓуврееме, медиумите објавија дека основачот на платформата FTX Сем Бенкмен Фраид побегнал од Бахамските острови, за да не биде обвинет и суден, но тој самиот ги има денатирана овие пишувања.
Бенкмен , инаку, до избувнувањето на овој финансисиски скандал важеше за своевиден симбол на успехот во бизнисот и трговијата со криптовалути. За него велат дека има навлечено не мал број луге да почнат ваков бизнис, а уште повеќе такви кои се „коцкаат“ потикнати од желбата брзо и лесбо да дојдат до многу пари.
Овие луѓе не ги прифаќаат предупредувањата на угледни банкарски експери дека „играјќи со криптовалутите се соочуваат со заканата да ги загубат парите“.
Ново пирамидално штедење
Гувернерот на Англиска банка (Централна банка во Британија) во едно интервју , пред избувнувањето на случајот со банкротираната платформа, ги предупреди Британците да „ не се полакомат“ , затоа што според него, станува збор само за еден поинаков „Поци систем“- познат и како порамидално штедење.
Ваквото објаснување , на крајот би можело да се покаже и како сосема наместо, доколку се прават споредби со големиот број жртви низ светот од пирамидалното штедење. Анонимни извори им изјавиле на медиумите во САД дека во моментот кога бил прогласен банкротот, од платформата исчезнале повеќе милијарди долари.
Истите извори тврдат дека Сем Бенкмен Фраид има префрлено десет милијарди долари, во пари, вложени од неговите клиенти , на сметката на неговата лична фирма.