Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Политикански игри на Белград и Приштина

Политикански игри на Белград и Приштина

Во време кога Европа е соочена со војна, насилно вовлечена во неа по бруталната инвазија на Русија врз Украина, а Москва во исто време ја засилува својата кампања за дестабилизација на Западен Балкан, обидувајќи се (ако може) да се испровоцира и некаков помал судир, Белград и Приштина веќе неколку месеци одржуваат висока тензија во регионот- жестоко расправајќи се за тоа какви ќе бидат регистарските таблички на возилата од крајниот север на Косово.

На три пати , од летоска, двете страни успеваа да предизвикаат криза која секогаш успеваше да стигне на работ да се претвори во конфликт – луѓе од теренот велат дури и со употреба на вооружена сила- најчесто поради запаливата реторика на Белград и инаетењето на Приштина.

Изнасилена криза

Целта на косовската власт е на секаков начин да истурка нешто и да покаже дека ја има контролата на целета територија на земјата- па нека е тоа и изгледот на регистарските таблички  на другата страна од Ибар, во реонот северно од Митровица , иако и Европа и САД настојуваат тоа прашање да се одложи.

Барем за една година , до кога, како што  се очекува  би требало да се најде решение за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, по што би требало полесно и да се разрешуваат и договараат ваквите, во основа, технички прашања.

За двете страни, меѓутоа, табличките се претворени во работа – да се биде или не. Во Белград се тврди дека ( во Косовска Митровица) се бранеле  и се одбраниле Србита на Косово, а всушност се мисли дека биле победени Косоварите, затоа што какви и да бидат табличките, впечаток е дека недовербата, омразата и непријателската реторика ќе остане.

Приштина, пак, легитимно бара унифицирање на косовските таблички за сите возила- и на оние северно, како и на оние јужно од педелена Митровица. Косовската влада смета дека после 14,5 години од независноста, време е и косовските Срби на своите возила да имаат таблички што ги издава МБР на Косово, а не табличките за своите возила да ги добиваат на територијата на Репблика Србија.

Договор во последен момент

Косвската страна инсистира дека со табличките  не бара  признавање на независноста од страна на Белград и не смета дека табличка со ознака „РКС“ ( Република Косово) значи дека Србија ја признала соседната држава, но во Белград се категорично против.

Таму сметаат дека регстарската табличка ќе значи признавање на косовската независност, а тоа српската страна – се има заречено- дека никогаш нема да го направи.

Пред да истече и последниот рок на косовскиот премиер- за да се почне со казнување на сите оне кои ќе возат со автомобил со српската табличка „КМ“ (за Косовска Митровица)-  доцна во ноќта беше постигнат договор и на тој начин  се избегна радикализација на состојбата.

Плашењето дека -се може да се случи- сепак, не се случи, а уште излезе дека од договорот постигнат под притисок, како сите да се задоволни. Српската страна дека табличките остануваат, како и дека нема да има казнување од страна на косовската полиција. Приштина е задоволна што преку кризата со табличките го наметна она што го бара- разговори за нормализација на меѓусебните односи со Србија.

Брисел задоволен

Брисел кој менаџираше за надминување на спорот, исто така, може да биде задоволен што на крајот успеа да се истурка компромисно решение и да се спречи сериозна и конфликтна криза во ова невреме и за Европа и за регионот.

Но, кога станува збор за Балканот и за овој регион кој последен остана надвор од ЕУ, тогаш ни кога се мисли дека има договор, постигнатото секој го смета за победа само за себе и потпишаниот документ го толкува така како нему му одговара. Така во јавноста се појавија и три толковни варијанти , од кои онаа на ЕУ што ја соопшти шефот на европскара дипломатија Јосеп Борел, е  сепак најточна.

Овој шпански дипломат соопшти дека договор меѓу Белград и Приштина е постигнат и на тој начин е избегната натамошна ескалацја. Наместо тоа, сега ангажирањата се насочуваат кон преговарасе за нормализација на нивните односи.

Со договорот, Србија ќе престане да издава (српски) регистарски таблички за Косово и неговите градови, а Косово  ќе ја прекине целата своја активност  во врска со пререгистрацијата на возилата.

Нормализација до крајот на март?

Во Белград, меѓутоа, се продолжува со политиканските игри , па таму се зборува само за тоа дека „табличките КМ остануваат“ и дека „никој нема да ги казнува Србите“. Притоа , не се споменува дека она што е усогласено во Брисел, значи дека сега целата активност се врти кон постигнување договор за нрмализација на српско-косовските односи.

Не се зборува ниту за (патем споменатата ) изјава на косовскиот претседател дека двете страни треба да се спогодат за нормализацијата на односите- до 23 март следната година, врз основите на германско-францускиот предлог кој од скоро е и предлог на целата Унија.

На тој начин, игрите продолжуваат да се играат за пред сопствената политичка јавност, на која политичките лидери им покажуваат колку се големи патриоти и колку го сакаат и го заштитуваат својот народ.

Белградски аналитичари кои уверуваат дека го имаат видено постигнатиот договор за табличките , уверуваат дека српската страна , сепак, се откажала од табличките „КМ“ и прифатила пререгистрација. Било прифатено  Србија да не ги печети табличките на косовските градови, а Косово да има гаранции (од ЕУ/САД) дека тоа ќе биде почитувано и  дека ќе биде дел од сеопштиот договор.

Спогодба по германски модел

Сега се смета дека косовската полиција ( барем една година) ќе толерира возилата од северно Косово (околу девет илјади) да не мора да се пререгистрираат. Возилата ќе може да имаат меѓународно признати ознаки „РКС“ и „СРБ“ , но нема да се толерира автомобили со таблички печатени и издадени во Република Србија.

Оптимистите и во Белград и во Приштина веруваат дека оваа исфорсирана и во основа политиканска криза за прибирање политички поени на домашната сцена, ке се заврши за една година. До тогаш се верува дека германско- францускиот предлог – кој е  даден како основа за преговорите- ќе обезбеди договор за нормализација на односите. Веројатно и без формално признавање на Косово од страна на Белград , или на Србија од страна на Приштина.

Како база за идниот договор, за кој по се изгледа за прв пат има краен рок- одново како урнек се споменува договорот за нормализација меѓу поранешните Западна и Источна Германија, постигнат пред 50 години. Тогашните Бон и Источен Берлин не се признаа меѓусебе, но со договорот одржуваа соседски односи и развиваа соработка. Доколку ништо од ова не помине, тогаш – најверојатно- ќе уследи еден нов Дејтон за Белград и Приштина.

(С.С.Г.)

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе