Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Хајнрих Тринаесети планирал пуч во Германија

Хајнрих Тринаесети планирал пуч во Германија

Хајнрих Тринаесети, припадник на старо аристократско семејство е осомничен од германските власти дека е во центарот на планираниот заговор за пуч и за преземање на власта во Германија. Овој 71 годишен аристократ, заедно со припадници на германската крајна десница, како и на некои поранешни десничарски воени функционери , планирале насилно навлегување во зградата на Парламентот, во Рајстагот, за да се собори сегашната власт во земјата.

Засега се уапсени 25 лица во текот на обемната рација , спроведена во раните утрински часови на 7 декември, во 11 од вкупно 16 германски сојузни држави.

Според соопштението на сојузното обвинителство во Берлин, повеќе од 50 лица се осомничени дека биле дел од екстремистичката организација „Рајхсбургер“ ( Движење на граѓаните на Рајхот). Нејзините следбенци  ја чинат основата на широката заговорничка група.

Создавање нов „Втор Рајх“

„Рајхсбургер“ била формирана во ноември минатата 2021 година и од тогаш полицијата и безбедносните едници будно ја имаат надгледувано , откако стана јасно дека таа стои зад некои насилнички напади во Германија, како и за ширење на расистички и антисемитски теории за заговор.

За нив веќе се знае дека имаат правено планови за соборување на германската влада во Берлин , за освојување на Парламентит и за насилно освојување на власта. Оваа екстремистичка организација одбива да ја признае сегашната, современа германска држава. Сите педесетина осомничени мажи и жени – вкучени во планот за правање државен удар- планирале „новата “ Германија да се создаде според еден стар германски модел. Станува збор за Германија од 1871 година, позната во германската истоија како “Вториот Рајх“.

Организацијата „Рајхсбургер“ е идеолошки блиска со американската екстремистичка група „Кјуанон„ (QAnon) – најмногу што и едната и другата инсистираат на надмоќноста на белата раса. Двете групи сметаат дека власта ( и во двете земји) е во некаква „митска состојба“ во која се замешани „тајни сили кои ги влечат конците во домашната политика“.

Врски со американата „Кјуанон“ група

„Ова е една од најголемите терористички организации („Рајхсбургер“) која постои во десничарскиот свет. Ова што е овде подготвувано е најлошото што досега го имаме видено од и од германската екстремистичка група, а и од „Кјуанон“. Соочени сме со целосно , апсурдна фантазија која сепак може да доведе до многу опасни последици“- има речено баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман.

Уапсениот Хајнрих Тринаесети е означен како лидер на „Рајхсбургер“ . Тој требало да биде на челото на Германија, а воениот дел да го предводи еден поранешен воен падобранец, сега на 69 години, чиј идентитет не се открива.

Острото спротивставување на екстремната , крајна десница  во Германија на власта и на демократскиот поредок,  се провлекува веќе неколку години.

Особено откако таа доби политичка подршка од пратениците на десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) која е позната и така се проби во политичката јавност, по ширењето нетрпеливост и ш омраза кон мигрантите, но и кон сите гастарбајтери.

Најголема полициска операција

Една поранешна пратеничка на АфД која е судија по професија, исто така, биле уапсена во рацијата во средата наутро.

Полицијата и обвинителството испитуваат и каква била улогата на една Русинка во целиот план за заговорот, особено откако некои медиуми објавија дека еден од уапсените ја контактирал руската страна. Официјална Москва, во меѓувреме, веднаш се огласи со демант дека имало било какво замешателство од Русија.

Истрагата, пак, е насочена кон офицерите и кон војници на специјалните сили на Бундесверот ( германската армија) кои работеле на регрутација на заговорнци и пучисти.

Операцијата против екстремистите , се означува како една од најголемите анти-десничарски и анти-екстремистички операции во современата германска историја. Над три илјади полицајци биле вклучени во дури 150 полициски операции во 11 сојузни држави. Операцијата била префрлена и во Австрија и во Италија, каде се уапсени две лица.

Ширење лажни вести и дезинформации

За „Рајхсбургер“ се има слушнато уште од времето по пандемијата , а припадниците на оваа десничарска организација го користеа времето на епидемијата со короната за деструктивно дејствување во германската јавност , но и за забрзана радикализација.

Посебно во правењето и ширењето лажни вести околу Украина и разни дезинформации за пандемијата , како и  за раширување на бројните измислени теории за заговор ( на власта) против луѓето во Германија – за тоа дека преку масовната вакцинација (наводно) се воспоставува контрола врз луѓето

Во тие рамки сега се става и правењето заговор за да се киднапира германскиот министер за здравство, што беше откриенио во април годинава.

Копија на Капитол Хил

Тој неуспешен обид се смета за првиот индикатор  за врзаноста на оваа екстремистичка група со сите ковид-теории за тоа дека владата во Берлин  сака да „владее со германскиот народ“ со вбризгување на анти-корона вакцините и за нејзините силни врски со американската „Кјуанон“ група.

За неа во САД е познато дека нејзините припадници се наоѓаа меѓу  разулавената толпа од ултра-десничари и расисти  кои се имаат вклучено во нападот врз зградата на американскиот Конгрес, на Капитол Хил во Вашингтон, на 6 јануари 202о година, во обидот со пуч ( потикнат од Белата куќа)  да се поништи изборната волја на Американците.

Германскиот аристократ Хајнрих Тринаеесети и неговото пучистичко друштво, требало да го изведе истото тоа, но  врз зградата на Рајхстагот во Берлин. Толпата напаѓачи во Америка, требаше да го задржи на власт  десничарот Донакд Трамп , додека овие во Германија, планирале така да ја преземат власта од демократски избраната влада.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе