Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Србија треба да се соедини со Русија“

„Србија треба да се соедини со Русија“

Рускиот пратеник Алексеј Чепа, потпретседател на комитетот за меѓународни работи на државната Дума, изјави дека Србија треба да се соедини  со Русија и за тоа не треба да одлучува српскиот држевен врв , туку народот на Србија.

Во интервјуза едно московско радио, пратеникот Чепа има речено дека не знае колку е тоа реално, затоа што не  станува збор  за тоа дали тоа го сака  претседателот Александар Вучиќ или не, туку дали тиа го сака народот.

„За ова треба да одлучи српскиот народ- на референдум. Треба да се почитува неговата волја , за да подоцна некој не рече дека станува збор за окупација, за киднапирање или за некаково уривање. Знам дека за оваа идеја ќе има голем број противници, па затоа се мора да биде  чисто изведено “- рекол овој руски политичар.

Одлука со референдум

Според него, Русија секако ќе ја подржи Србија-  во било кој  случај.

„Србија е исклучително пријателски определена кон нас (Русија и Русите). Сосема сме сигурни дека Белград ќе успее да се избори со провокациите на кои е изложен . Затоа, ние ги очекуваме апелите ( на Вучиќ) за помош„- рекол пратеникот Чепа.

Србија е единствената земја во Европа ( заедно уште само со Турција и Белорусија) која нема воведено санкции према Русија поради инвазијата врз Украина и војната што Москва ја води против Украинците, а е единствена по тоа меѓу земјите кои се кандидати за ченство во ЕУ.

ЕУ и на својата последна конференција изрази длабоко жалење , затоа што Србија наместо да напрадува , назадува во врска со усогласувањето на земјата со заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата. Пред се, затоа што и понатаму одбива да воведе санкции за Русија, како  и за Белорусија , која одамна е претворена во руски вазал и во своевиден  плац-дарм на руската агресија врз соседна Украина.

Погрешни потези на Белград

Но, на Белград му се забележува  и  тоа што како земја- кандидат, која  има отворено и неколку поглавја од пристапниот процес, многу често влече надворешно-полтички потези кои се спротивни на заедничката европска политика и на заедничкиот пристап што ЕУ го има кон определени надворешно политички прашања.

Ваквите критики на сметка на српското однесување се внесени и во најновите заклучоци на Брисел и на ЕУ за процесот на проширувањето во ЕУ со земјите од Западен Балкан., во кои се внесни и критиките  кон власта во Србија која го толерира рехабилитирањето на осудените воени злосторнци .

За овие луѓе се вели дека  не би требало да имаат пристап на јавниот простор ( посебно со бројните мурали низ Белград и Нови Сад) со кои, практично,  се негираат и нивните злосторства.

Меѓу муралите , сега доминира  ликот на Владимир Путин , кој не се споменува во извештајот на ЕУ за Србија, но кој во српската јавност излегува дека е повеќе популарен и од српскиот претседател, додека Русија и натаму се означува како најголемиот пријател и сојузник на Србија.

Молк од Србија

Не се знае како во една ваква атмосфера,   еден руски пратеник, уште на функција во тамошната Дума, во надворешно-политичкиот сектор, зборува за тоа дека Србија треба да се соедини, или Русија да ја припои кон Србија (веројатно, како некаква енклава, во стилот на Калињинград, на Балтикот) .

Чепа притоа, дури  нуди и шема, според  која тоа спојување би требало да се направи- на референдум во Србија, а не со одлука на српскиот претседател.

Сето тоа, според пратеникот, би требало да биде како „награда“ за пријателството и за лојалноста  на Белград кон Москва, но и како „заштитна мерка“ од силните „западни провокации“ и притисокот.

Официјален  Белград одмолчува уште една ваква порака од Москва, како и обично – одбивајќи да се брани и спротивставувајќи се на отворање полемика која би се покренала со било каков одговор.

„Нов притисок на Москва“

Во секој случај, не реагирањето е различно од грубиот однос на  Белград кон критиките и барањата на Брисел и ЕУ, иако е сосема јасно дека  во тоа нема провокација. Ако некој сака да влезе во една организација, каква е ЕУ, тој не може да води политика спротивна на онаа што ја има организацијата. Уште и да прави стратешки сојузи со земја (Русија) која војува против ЕУ и настојува да ја растури.

Белградски политички експерти, пак,  оценуваат дека Чепа  не изнесува  свое лично мислење, туку праќа порака.

Се смета дека тое е уште еден од низата притисоци на Москва , што е засилено со тврдењето на дел од српската опозиција дека Белград е „ на чекор до воведување санкции“ за Русија. Рускиот пратеник, затоа, се верува дека  се обидува однапред  да го оддели Александар Вучиќ од народот во Србија, за да евентуално се казни во случај на една таква одлука на Белград.

Реагирањето на српската јавност (на социјалните мрежи) е  различно. Мнозинството е против некакво спојување на Србија со Русија. Но,  има и поинакви мислења- дека ваков референдум би успеал , како и дека „ова е време за менување на границите“, што би требало да обезбеди создавање на една “Велика Србија“.

(Д.Б.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе