Миленикот на Путин ранет во Донецк
Руските медиуми јавија дека при гранатирање на хотел во предградието на Донецк , во Источна Украина, бил ранет доскорешниот директор на руската вселенска агенција Дмитри Рогозин. Според овие извори, бил ранет во грбот и е задржан кусо време во болница, но неговиот живот не е во опаснист.
Во нападот според руски воени извори, загинале две лица , а биле ранети повеќемина други. Покрај Рогозин, едно време беше и заменик премиер на Русија, бил повреден и премиерот на самопрогласената „Донецка народна република“.
„Очигледно е дека станува збор за напад со определена цел. Се смета дека при нападот, украинските сили користеле топ-хаубица „Сезар“ од 155 мм. што е од француско производство“- откриваат руски извори.
Покорен и лојален
Рогозин беше на челото на „Роскосмос“ до јули годинава , кога овој верен и до крај лојален државен службеник на Владимир Путин беше прекомандуван .
Тој и од доскорешната позиција ( која не би требало да има врска со политиката) беше еден од најгласните подржувачи на инвазијата од 24 февруари и силен потикнувач на војната против Украинците, но ( со Дмитри Медведев) и главниот кавгаџија со Западот и посебно со поранешните источноевропски советски сателити- сега независни држави.
Политички експерти во Русија, како и западни аналитичари тврдат дека тој е миленик на Путин. „Претседателот е задоволен многу од Рогозин и со него се има јавно, повеќепати среќавано, како порано, така и по агресијата врз Украина“- има речено еден инсајдер за рускиот портал Медуза што дејствува од странство.
Се потсетува дека таа блискост на Путин, со Рогозин датира уште од средината на минатата деценија, кога Сергеј Шојгу сакал тој да раководи со „Роскосмос“ , како и со изградбата на еден космодром, но претседателот тоа не го дозволил , определувајќи се за Рогозин.
Се смета дека Путин многу ја цени тоа што миленикот е секогаш покорен и што се „продава“ во домашната јавност како голем патриот, најчесто со пораки и изјави на социјалните мрежи.
Закани за Балканци
На пример, тој не ретко го навредува и го исмејува украинскиот претседател, но дома и во Европа, стана познат по својата силеџиска закана дека со моќни ракети ќе ги парчоса трите балкански држави, затоа што не дозволија прелет на рускиот авион со шефот на руската дипломатија, воинствениот (и исто така лојален) Сергеј Лавров да долета во Белград- инку непоканет и неповикан од никого.
Рогозин тогаш ( средината на јуни) се нафрли врз „кукавичките Бугари“ ( премиер во тоа време беше Кирил Петков) , „одмазничките Романци“ и „предавничките Црногорци“ порачувајќи им дека Русија може да ги нападне и да ги казни, со балистички ракети за тоа што му го направија на Лавров.
Колку за потсетување- Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора кои се соседи на Србија, го затворија воздушнот простор за авионот со рускиот министер, почитувајќи го воведеното ембарго за сите руски авиони, што го имаат воведено ЕУ и Западот.
На забраната за Лавров реагираше и Кремљ, означувајќи го тоа како „непријателска акција“ на овие три земји , обвинувајќи ги ЕУ и НАТО за оваа „ провокација“ , што Москва, инаку, свесно ја изведе за своите пропагандни потреби.
„Сармат“ против Бугарија, Романија и Црна Гора
Рогозин, меѓутоа, отиде чекор понатаму, па на „непријателските земји ги прашуваше- дали тие знаат „што значи еден добар „Сармат“ ( руска балистичка ракета) .
„Од едни вакви Бугари, Романци и Црногорци кои ја предадоа нашата заедничка историја , нема повеќе да се бара дозвола за прелет„- има напишано тогш Рогозин, во тоа време се уште во „Роскосмос“ , во својот познат воинствен стил и со познатата военохучкачка реторика, забележувајќи дека од овие земји нема ништо да остане.
Во ваквата закана ја нема Македонија за тоа што и еден ваков човек знае дека Русија и Македонија никогаш немале заедничка истрорија и минато, како што тоа го имаат земјите што ќе ги ракетира.
„Затоа ве советувам ( упатено за трите земји)- нарекувајќи ги уште и агресори- дека со Русија треба пристојно да се разговара„- има речено Розин во заканувачката порака од јуни годонава.
Сега е во Донбас, во Донецк како некаков специјален руски „губернатор“ , или специјален пратеник на Путин кој уште еднаш покажува колку голема доверба има во еден ваков човек.
„Истекуваат информации“
По ранувањето тој и самиот се има огласено од оваа окупирана и анектирана украинска територија, објаснувајќи дека че треба да му се направи хирушка интервенција, затоа парче метал е навлезено одлабоко за да се изваде со амбулантна интервемција. Но тој има речено и дека зад нападот стои разузнавачки податок што им бил префрлен на Украинците.
„Изминатите осум години ( од 2014 година и руската интервенција во Донбас) овој хотел каде бевме собрани на состанок, ниту една не бил цел на напад. Ова е прв пат. Очигледно е дека од овде протекуваат доверливи информации“- рекол Дмитри Рогозин.
Инсајдери на „Медуза“ имаат речено дека со ваквите изјави и со заканите што ги праќа на сите страни, Рогозин само го зголемува својот рејтинг кај Путин, затоа што претседателот сака токму такви луѓе за свои соработници. Затоа што рускиот претседател е токму таков- каков што е неговиот миленик, испратен во Донбас.