Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Уште една мистериозна смрт на руски тајкун

Уште една мистериозна смрт на руски тајкун

Рускиот мултимилионер Павел Антов е најден мртов во подножјето на хотел во Индија, каде престојувал приватно, со другари, за да го прослави својот роденеден.

Според руските медиуми овој 65 годишен тајкун од градот Владимир во Русија, каде бил познат и како важен локален политичар, во неделата паднал од прозорецот на хотелската соба и останал на место мртов. Не се знааат околностие под кои се случил овој трагичен инцидент.

Но, и индиските и светските медиуми забележеуваат дека Антов бил најден мртов, само два дена откако индиската полиција го има откриено мртвото трело и на неговиот пријател Владимир Буданов, кој умрел ,исто така, под мистериозни околности.

Богатите умираат под нејасни околности

И Антов, а и Буданов , за кого се вели дека бил еден од тројцата Руси , со кои тајкунот допатувал во Индија и престојувал во хотелот, се најдени починати , откако умреле на ист начин- паѓајќи од прозорец.

Смрта на уште еден руски милионер кој допатувал во странска земја за да си го прослави роденеденот, што само покажува дека немал никаква намера да си го одземе животот, одново ги покрена шпакулациите во руската, но и  во европската јавност во врска со низа мистериозни и од полицијата неразјаснети причини под кои починаа на десетина богати Руси, после руската инвазија врз Украина.

За некои од починатите се знае дека отворено ја имаат критикувано агресијата од страна на Русија и војната која на Украина и беше наметната.

„Депресивниот Антов“

Антов е еден од тие. Тој летоска остро ја има критикувано руската агресија, но многу брзо по изречените критики за сметка на Кремљ,  има речено дека изјавите што биле објавувани не биле негови. Односно дека тој не го зборувал тоа што „некој му го има припишано“ , како и дека  е симпатизер на Владимир Путин и дека ја подржува инвазијата.

Мистериозноста ја зголемува и реакцијата на локалната полиција во индискиот град Рајагад која во првите извештаи за инцидентите тврди дека Буданов починал од мозочен удар, а дека богаташот Антов станал депресивен поради ненадејната смрт на пријателот, па затоа и тој починал.

Конечно, целата вака спакувана приказна која отвора цела низа сомнежи, веднаш, без да се чека на конечната разврска на истрагата, ја поврдил и рускиот конзул во Калкута, според кој се согласива со индиската полиција дека во смрта на двајцата Руси , дојдени да прославуваат, нема ништо криминално и сомнително.

Пад од прозорец на директор на „Лукоил“

Павел Антов ја има создадено месната индустрија во градот Владимир  и во руската јавност беше познат како „крал на колбасите“. Тоа го има направено да се најде на листата на богатите, влијателну Руси кои се искачувал и на скалата на државната политика.

Под вакви мистериозни околности, што руската  полиција никогаш не ги разјасни до крај, давајќи безмалку слично соопштение како и полицијата во Индија, пролетва беше најден мртов и поранешниот директор на нафтената компанија „Лукоил“ , инаку близок пријател на Путин кој го има и одликувано за заслугите, во напредокот на компанијата.

И тој беше најден мртов, во подножјето на една московска болница, каде бил на лекување. Полицијата заклучи дека „паднал од прзорецот“ , отако малку пред тоа се сретнал и разговарал со сопругата, која во време на „паѓањето“ била во соседната просторија.

Ненадејна смрт на генералот Маслов

Останува неразјаснето што барал тој да се качува на болничкиот прозорец, како што не е јасно зашто и Антов бил искачен на хотелскиот прозорец од каде потоа „паднал“.

Некои руски медиуми потсетуваат дека во исто време со трагичнот инцидент со Антов и Буданов, во Москва „ненадејно починал“ и и рускиот генерал Алексеј Маслов, за кого се вели дека имал блиски врски со Украина.

Тој е поранешен главен командант на руската копненан војска од 2004 до 2008 година. Потекнува од руските области блиску до Украина, бил школуван во воената академија во Харков и се тврди дека имал „блиски врски со Киев“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе