Светскиот фудбал без Пеле
Бразилската фудбалска ѕвезда, во светот познат и како „кралот на фудбалот“ – Пеле почина во болница. Имаше 82 години.
Уште како млад беше ѕвезда, откако и помогна на бразилската репрезентација да освои три светски првенства, а бразилскиот фудбал да се стекне и со слава и со реноме во светот, што трае и денес. Тоа му има помогнато, да стане една од најголемите фудбалски, но и спортски личности на 20 век.
Фудбалски уметник
Пеле од минатата година се лекуваше од рак на дебелото црево, а претходно често беше во болница и за проблеми што ги имаше со бубрезите . Но, уште во текот на неодамна завршеното светски првенство во Катар, беше соопштено дека му се има влошена здравствената ситуација, како последица на настанати компликации поради низа болести со кои се соочуваше последните години.
Свесен за тоа дека овој пат не ќе може да излезе од болница, Пеле има изјавувано дека – „ Ќе играме фудбал и на небото“, или дека „Рајот е полн со ѕвезди (фудбалски)“.
Бразилците, навивачите низ целиот свет, како и фудбалски експерти веруваат дека Пеле е еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Има поминато две децении на фудбалските терени, воодушевувајќи ги своите „Кариоки„ и како играч на „Сантос“ и како бразилски репрезентативец.
Остануваат за паметење неговите фудбалски потези, изведени со елеганцијата која никој по него ја нема повторено. Фудбалот се има сменето од неговото прво светско превенство во 1958 година, но велат, благодарејќи на него и неговите фудбалски мајстории овој спорт- најпопуларниот во светот- се има револуционизирано до денешните достигнувања.
Излет во Холивуд
Уметник со фудбалската топка, Пеле се има има истакнато и како пејач на крајот од шеесетите години на 20 век, па и како композитор, но и како филмски актер.
Во филмот на прославениот режисер Џон Хјустон „Наша е победата“ Пеле го толкуваше ликот на фудбалер од Тринидад и Тобаго , кој се наоѓа како воен заробеник во нацистички логор, на територијата на Фрација.
Во ова филмско остварување од 1981 година, во кое нацистите организираат натпревар на својот тим со логорашите, покрај него настапуваа и Мајкл Кејн и Силвестер Сталоне, но и неколкумина познати англиски и холандски фудбалери.
Неговото вистинско име беше Едсон Арантес до Насименто, но Бразил и светот го познаваа само по прекарот- Пеле.