Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Лекарска „честитка“ со погрешна дијагноза

Trenton Stevens

Лекарска „честитка“ со погрешна дијагноза

Граќаните од местото Аскерн , во близината на Донкастер во Англија , гневно реагираат на „честитката“  за Божик и Нова година, што матичниот лекар од ординацијата на јавното здравсто, по грешка , им ја има испратено на сите свои пациенти.

Всушност, на секоја стоела запишана  страшната дијагноза- дека се болни од рак на белите дробови и дека немаат многу време за преживување.

На  „честитката“- испратена од лекарот како СМС порака- било запишано и  дека треба да го пополнат вообичаениот формулар и на крајот следувало и она, редовното англиско- Благодарам!

Само десетина минути потоа, сите корисници на здравствените услуги  на НХС ( британското јавно здравство) имаат примено нова порака во која се вели дека „претходната е испратена како грешка“, признавајќи  дека требало да стои текстот- „Ви посакуваме среќен Божик и Нова година“.

По првичниот шок, луѓето почнале да се  се опоравуваат, откако ја  примиле и втората честитка , па веднаш почнале првата да ја поставуваат  на социјалните мрежи, а ги известиле и медиумите.

Според лондонски „Сан“ луѓето од Аскерн случајот го опишуваат како – „Уште една огромна грешка на јавното здравство и на неговите неспособни лекари“.

Сите во местото остануваат налутени што примиле ваква порака и тоа за празниците , особено што  не мал број од нив и натаму останале сомничави во врска со случајот. Сега кај некои   влегол „црвот на  сомнежот “, прашувајќи се  -дали навистина станува збор за грешка со првата порака, но  и дали можеби не е се во ред со нивното вкупно  здравје.

Весникот од своја страна има покренато истрага и има откриено дека постои во местото  еден пациент, на 57 години, кој бил   заведен во амбулантата,  кај истиот матичен лекар како „сомнителен“- додека  ги чекал резултатите од анализата, за тоа дали има рак на белите дробови.

Овој пациент се нашол во паника кога слушнал што се случува во Аскерн после пораката на матичниот лекар. Се јавувал во амбулантата, но од таму  никој не му одговарал, па преплашен отишол во ординацијата да праша што е со него.  Лекарите мирно му рекле дека не му ништо. Односно дека  неговите резултати се сосема добри- бидејќи  не е болен од канцер.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе