Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Циклон бомба“ и јануарско лето

NASA

„Циклон бомба“ и јануарско лето

Временските прилики и климата во светот продолжува да предизвикуваат изненадувања какви немало со децении, или со години на ред, предизвикувајќи најразлични коментари и реакции. Се повеќе луѓе се јавуваат со тврдење дека се претвориле во метеопати и дека нивното тело, расположението и вкупното здравје се врзуваат за временската состојба, таму каде постојано живеат.

Метеоролозите, пак, зборуваат за крајно невообичаено однесување на времето,  кое навестуваат дека ќе продолжи да „изненадува“ .

Активистите за заштита на човековата околина, меѓутоа,  уште повеќе обвинуваат дека виновникот за сето ова се – климатските промени кои пред крајот на изминатата 2022 и на почетокот на новата 2023 година , уште еднаш, го потсетуваат светот дека луѓето мора да   направат нешто порадикално – за ја спасат Планетата и за да се спасуваат себе си.

Жешко лето 2022

На другата страна се оние кои постојани тврдат дека зимата и летото и порано знаеле да отстапуваат од она што е вообичаено за овие две сезони- да има крајно „блага“  зима- без снег и студ, и влажно, непријатно и студено лето.

Тие така и ја објаснуваат годината која штотуку си замина. Метеоролозите веќе го прогласија изминатото лето за најтоплото досега во реонот на целиот Медитеран, откако повеќе од 100 години се прават временски прогнози и се мери температурата.

Тоа предизвика катастрофални суши во Италија, Шпанија и Португалија, како и во  делови на Франција, каде пресушуваа и големите реки, а некои градови остануваа без вода за пиење, сето тоа проследено со огромни шумски пожари во кои беше предизвикана и материјална штета , а беа загубени и човечки животи.

Куќи „заковани“ во мраз

Оваа зима, во светот и низ Европа ќе остане запаметена по „незапаметените чудни однесување на времето“. На една страна тоа е временската „циклон бомба“ во САД и воделови од Канада, со незапаметени ниски температури кои предизвикаа  некои населените градови, како градот Бафало во сојузната држава Њујорк, да биде  прогласен за „воена зона“. Над 60 лица загинаа , или починаа како пооследица на енормно студениот бран. Цели станбени куќи беа претворени во „мразарници“ , заковани во мразот- од покривот до темелите.

Во исто време,во Европа нема ниту снег, а ниту студови какови што знаело да има во декември и на почетокот од јануари.

Во реонот на Алпите нема снег и тоа и во сите зимски туристички места, а температурите повеќе наликуваат на доцна-есенски отколку на зимски во планински услови.

Скијашките натпревари се одржуваат со помош на „вештачки снег“ за кој , стручњаците велат дека нема услови да се одржува, бидејќи тешко се создава , а квалитетот е лош.

Швајцарија на 20 степени

Неверојатно изгледа што во некои од тие алпски  скијашки центри , присутните гледачи се заштитуваат од дождот, сокриени со чадори, наместо да се бранат ид снегот и да и се радуваат на вистинската зима.

Во Швајцарија, на пример, температурите на почетокот од овој месец се имаат искачено до 20 степени, како во тамошните летни услови.

Вакво пријатно време е регстрирани и во низа низа европски земји. Во Холандија ( нема замрзнати канали) , потоа, во реонот на Балтичките држави, како и во Данска, Полска и Чешка , се соборени рекордите со зимски високи темпереатури, додека во Франција и Германија паѓаат рекордите на мерните станици поставени пред повеќе од еден век.

Во Билбао, во шпанска Баскија, температурата овој јануари се искачи на рекордни 25 степени, или десетстепени повеќе отколку што изнесува просекот за ова време  од годината.. Но во Варшава, на 1 јанури температураѕа изнесуваше 20 степени Целзиусови, колку и во некои делову од северот на Германија.

Македонија со магла и без снег

Регионот на Балканот , исто така, е погоден од „благата“ зима на старот од годината, иако се најавува дека зимската сезона моѓе да задоцни и да трае до пролета.

Во северна Грција се измерени температури од околу 20 степени, Во Белград на почетокот од новата година темоературата се искачи до 18 степени, додека во Македонија беше постудено, само поради маглата во сите котлини  низ државата. Но , планините и натаму  остануваат без снег. Нема снег на Пелистер и во Маврово, како и во Крушево кое првите денови од јануари го краси блага, есенска температура.

Метеоролозите во Европа, сепак, навестуваат дека временските шокови продолжуваат , па наеднаш делови од континентот ќе се најдат услови на  вистинска зима – со студ и снег. Ваква брза промена  се најавува во Скандинавија, како и во Москва. Рускиот главен град,   од сегашните- просечни и невообичаени температури од само минус 2 степени, се најавува дека ќе се врати во својата „нормала“-  до вообичаените минус 20, во наредните денови.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе