Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Папите умираат мистериозно

Папите умираат мистериозно

Поранешниот папа Бенедикт 16 почина мирно, од природна смрт, во папскиот самостан во Ватикан и зад него нема да останат мистериите околу тоа што е причината за неговата смрт.

Веста за смрта не беше неочекувана затоа што  поранешниот надбискуп, па кардинал од Минхен Рајцингер  , долго време беше со нарушено здравје и болен. Поради тоа, во Ватикан се случи  и историски преседан во католичката црква- еден поглавар на Светиот стол да даде оставка и да се повлече од највисоката позиција во католичкиот свет.

До неговиот случај, сите папи остануваа на својата позиција се до нивната смрт.

Така и се дојде до тоа, после повеќе од половина милениум, во Светиот стол да има двајца живи поглавари- едниот како оболен, поранешен папа (Бенедикт), а другиот како новоизбран (Франциско). Како што иста таква вонредна и историска ситуација има  и по повод неговата смрт – специјалната погребна миса за починатиот папа, да ја води оној што е жив и кој сега го предводи католичкиот свет.

Без сомнежи за Бенедикт

Зад Бенедикт остануваат само сомнежите дека како минхенски надбискуп, во седумдесетите и осумдесетите години на 20 век, не направил ништо да се разоткрие педофилијата меѓу локалното  свештенство .

При тоа,  обвинувајќи го и сега дека знаел за постоењето на  сексуално насилство во редовите на црквата, но дека се обидувал да ги затскрие таквите случувања, водејќи сметка  само за интересите и угледот на католичката црква, но не и за жртвите на насилството.

Така или не,  Бенедикт заминува од овој свет без насилство врз него и без сомнежи за причината на неговата смрт. А, тоа не е  толку чест случај во минатото на Ватикан- не само низ две илјадната историја, туку и во годините на современиот свет- во седумдесетите и осумдесетите години на минатиот век.

Имајќи ги притоа во предвид ,  случувањата врзани за последните двајца папи,  пред изборот на Бенедикт, во април  2005 година.

Атентат врз полскиот папа

Бенедикт го наследи папата Иван Павле Втори, поранешен полски кардинал Војтила кој остана на челото на Светиот стол 26 години.

Некогашниот енергичен и во помладите години речиси атлетски развиен свештеник, почина после долга и тешка болест , погоден од повеќе годишното страдање од Паркинсоновата болест, завршувајќи го својот над четврт век долг понтификат, вештачки одржувн во живот, без способност и да комуницира со оние колу него.

Се смета дека нарушувањето на здравјето кое никогаш не се успеа да се нормализира е последица на атентатот што врз него , во мај 1981 година, го изврши турскиот ултра-десничар и екстремист Али Агџа. На плоштадот Свети Петар, во присуство на маса луѓе ,  Агџа истрела неколку куршуми во папата Војтила- Иван Павле Втори, додека се среќаваше со католички верници, дојдени од целиот свет.

Атентаторот беше фатен, додека неговиот помошник ( веројатно за безбедно бегство) избега, откако  само беше уловен од камерите на бројните фоторепортери на плоштадот. Агџа беше осуден на доживотен затвор, а  папата се опорави од раните, иако до крај  не се залечи од повредите.

Али Агџа и „бугарската врска“

Но, до денес остана како мистерија- кој и зошто сакаше да убие еден католички папа, пред толку многу сведоци. Во  она време на „Студената војна“ и на идеолошки  поделената Европа, атентатот затоа веднаш доби политичко-идеолошка димензија.

Беа обвинети тајните служби на тогашниот СССР (КГБ) и на комунистичка Бугарија дека се дел од еден поширок заговор за казнување на Војтила и на католиците за силната подршка на антисоветското и антикомунистичкото движење во Полска- Солидарност- што го предвидеше  синдикалецот Лех Валенса.

Приврзениците на движењето се залагаа за поголема демократизација во полското, и тогаш силно католичко општество, но Москва беше уверена дека зад тоа стои обидот да се урне комунистичката власт.

Бугарија, како најлојален сојузник на СССР, беше вовлечена во заговорот , затоа што го има покривано  престојот на Турчинот Агџа во Рим , отако една недела пред да допатува во Италија, атентаторот седум денови престојувал во Софија- наводно на одмор.

Папа за 33 денови

Така беше создадена „бугарската врска“ за обидот да се убие полскиот папа, па италијанскиот суд покрена и обвинувања против тројца Бугари- од кои едниот беше военото аташе на бугарската амбасада во Рим. Сепак,  иако се покрена правосуден процес и голем публицитет во Европа, се покажа дека италијанските обвинители немаат доволно цврсти докази за она за  што ( веројатно со право) се сомневаа.

Папата Војтила, меѓутоа,  дојде на местото папа, по ненадејната смрт на неговиот претходник- папата Иван Павле Први. Тој беше папа само 33 денови, откако почина во 1978  година (официјално)  од срцев удар, на 65 годишна возраст.

Не е извршена обдукција за да се потврдат причините за смрта на човекот за кого подоцна се тврдеше дека немал пред тоа срцеви проблеми, па медиумите, во тие години долго шпекулираа со тоа дека папата е убиен, отруен со отровна супстанца ставена во неговиот чај. Телето беше откриено утредента од луѓето кои го опслужувале.

Мафијата во Ватикан

Како причина за насилната смрт се споменува неговата решеност до крај да се истражи големата финанско-криминална афера со ватиканската банка „Амброзио“. Посебно, врската на католичкиот монсињор Паул Марчункус кој има раководено со оваа  банка , а преку тоа и на Ватикан,   со италијанската мафија и со големите износи на испрани, валкани мафијашки пари .

Во подалечното минато, пак, останува како мистерија смрта на папата Александар Борџија (1492/1503) , после една заедничка вечера што ја имал со својот син Чезаре Борџија.

Веднаш потоа и обајцата тешко се разболеле, но додека помладиот Борџија успеал да се спаси и да се излекува, неговиот 72 годишен татко, умира.

И тогаш , набргу по ненадејната смрт се појавиле сомнежи за тоа што навистина се случило. Првата причина за смрта на (инаку) контриверзниот папа, од уште поконтроверзното семејство , била маларијата која во тоа време го имало нападнато Рим. Но,  многу брзо оваа верзија била напуштена, па почнало да се  тврди дека и обајцата биле отруени.

Есхумиран за судење

Во ватиканското минато, како посебен момент, се споменува случајот од деветиот век , кога папата Формоз (891/896) со својот случај и неговата  смрт уште повеќе го има засилено хаосот во кој, во тоа време, се наоѓал Ватикан. Затоа што наследникот на овој папа, кој бил „смртен непријател“ на умрениот поглавар, наредил да се откопа телото на починатиот папа- за да му се суди за сите злосторства што (наводно) ги има направено кон црквата.

Така и се случило. Била направена есхумација, починатиот одново бил облечен во папската одора и „изведен на судење“, пред католичкиот суд. Судиите пресудиле, да се поништат сите одлуки на папата Формоз.

Во  примерите на контровезни постапки, историчарите на црквата го сметаат и долговековното практикување – смрта на еден папа да се потврди со-   мал чекан. Одлуката му била оставена на кардиналот-камерленго, кој инаку  е црковен високодостојник што ги има папските функции додека не се избере нов поглавар на црквата.

Со малиот чекан , камерленго удирал неколкупати по челото на папата. Ако заболениот реагирал, значело дека е се уште жив, во спротивно, бил прогласуван за починат. Ваквата практика траела се до 1963 година, од кога смрта на папата ја потврдува лекарски конзилиум.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе