Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Грција: Мајката го убила бебето за одмазда

Ye Jinghan

Грција: Мајката го убила бебето за одмазда

Една 29 годишна жена , чиј идентитет не е објавен, е уапсена во Грција откако е осомничена дека  ја фрлила својата 11 месечна ќерка во ледено студените води во една акумулација за наводнување.

Веднаш по покренатата тревога, полициските спасители го пронашле бебето во водата, но можеле само да ја констатираат смрта. Младата жена е осомничена за убиство, но таа во својата прва изјава има речено дека своето бебе не го убила, туку дека тоа самото се стркалало до водата.

Инцидентот се случил кај браната на акумулацијата Алиакмонас, во близината на градот Верија, во северна Грција и на само пет километри од античкиот локалитет Вергина.

Признавање на злосторството

Осомничената  живее со својата мајка и со дедото во малото место Александрија. Во попладневните часови на 31 декември таа со своето бебе заминала со такси од куќата во која живеела. На 1 јануари се вратила сама без малечката ќерка , но на домашните не можела да им објасни каде е бебето. Тие веднаш ја известиле локалната полиција.

Грчите весници  пренесуваат дека таа , првично, тврдела дека не е убиец и дека ништо лошо му нема направено на детето. Постојано, притоа,  менувајќи ги  локациите каде била и каде може да биде бебето , но секогаш споменувајќи места блиску до некоја вода , или река.

На крајот , сепак, признала дека  го оставила своето бебе до водата, покрај браната одалечена 18 км. од куќата во која живеела. Знаела дека детето  завршило во студените води на акумулацијата, но ништо не направила да го извлече од таму.

Наводно,  заминала до акумулацијата  за да си игра со малечката , а дека бебето пропаднало во водата додека таа разговарала на мобилниот телефон.

Го фрлила бебето и заминала во хотел

Според грчите медиуми, до местото на злосторството заминала со такси возило, носејќи го во рацете своето бебе.  Се верува дека  кај акумулацијата , исвесно време се шетала со бебето во рацета , пред да се одлучи да го остави, или како што претпоставува  полицијата- да го фрли во водата.

Полицајците сметаат дека после тоа, мајката-убиец мирно си заминала од таму. Еден таксист открил дека ја префрлил до еден локален хотел, каде останала да преспие до следниот ден. Ниту во еден момент не барајќи помош од било кого.

Грчката јавност е шокирана од злосторството на младата мајка, а случајот има добиено голем публицитет . Во шок  е и семејството, а нејзиниот дедо им изјавил на медиумите дека ја убила својата 11 месечна ќерка само за да му се одмазди на својот партнер.

Таткото на бебето кој барал да се направи ДНК тест за да се утврди татковството , за грчката телевизија рекол дека давал пари за издршката на малечката и дека бил подготвен и да го прифати како свое дете, но дека мајката-убиец го одбивала се она што партнерот го давал  за девојчето.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе