Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Принцот Вилијам го натепал братот Хари

Принцот Вилијам го натепал братот Хари

Британскиот крал Чарлс, уште како принц престолонаследник, ги има замолено своите синови Вилијам и Хари да се измират и да престанат со кавгите и нетрпеливоста- открива помладиот син, принцот Хари во својата долго навестувана , а сега се покажува,   контроверзна книга- мемоари „Spare” („Резерва“), Но  како сега стојат работите,  малку е веројатно дека некогаш мошне блиските браќа,  ќе можат да се измират и да ја обноват блискоста.

Според мемоарите на Хари, чии делови објавува лондонски „Гардијан“ – Чарлс им рекол на синовите – „Ве молам , не ги правете тажни моите последни години“.  Знаејќи, секако,  што се случува меѓу Вилијам и Хари и колку брзо тие двајцата се одалечуваат еден од друг.

Браќата се расправаат за Меган

Нетрпеливоста меѓу нив се има претворено во непријателството, откако помладиот син  се запозна, па потоа одлучи и да се ожени за Американката Меган Маркл, која како што мемоарите откриваат,  постариот брат ( сега во улогата на престолонаследник)- од почетокот не ја поднесува.

Токму расправијата за неа, кога Вилијам грубо ја напаѓал  снаата, а Хари жестоко ја бранел својата сопруга, прераснала во тепачка во која постариот брат го натепал помладиот. Во книгата , Хари открива дека тоа се случило во 2019 година, во куќата  на војводата и војвотката од Сасекс, во Лондон.

„Вилијам почна да ја навредува Меган, тврдејќи дека таа е „тешка жена“, дека е „непристојна“ , па потоа и дека е „невоспитана и кавгаџија“ ( сето тоа поради една навреда што Меган , наводно, ја има речена за Кејт). Сите тие дисквалификации и навредите кон Меган, што ги изрече  брат ми беа потполно идентични со оние кои ги изнесуваа лондонските таблоиди“- пишува Хари во книгата.

Мемоарите како одмазда

„Му реков на Вилијам дека е како папагал, зборувајќи работи кои им се сервираат на весниците за мојата сопруга. И тогаш расправијата ескалира. Вилијам ме грабна за крагната, ми го откина ланчето и толку силно ме турна, по што паднав на подот , лесно повредувајќи се на грбот. Полека станав и му реков на братот да си оди од нашата куќа“- продолжува да раскажува Хари во својата книга.

Подоцна, Вилијам се вратил и му се извинил на братот и го замолил- за слученото да не и кажува на Меган.

Помладиот брат го послушал постариот, но книгата, очигледно, е направена за да Хари  јавно се пресмета , со Вилијам, сегашниот принц од Велс  и иден крал на Британија.

Уште од порано, а и сега , откако почнаа да се појавуваат инсерти од мемоарите, Хари го обвинува братот  дека токму луѓето од неговиот кабинет (со оние од кралската палата)  кои требало да им служат и на Хари и на Меган, тајно, како инсајдери, им продавале на таблиди детали од кралската куќа , клеветејќи ја и дискредитирајќи ја Меган Маркл- и во јавноста и пред семејството.

„Венчај се во селска црква“

Затоа, очигледно е , дека во книгата е полна со  обвинувања за Вилијам , а најмногу за тоа   дека од почетокот сплеткарел против избраничката на Хари. На пример,  уште пред нивната свадба (мај 2018 година), кога Хари го прашал братот – дали може неговата  венчавка да се одржи во Вестминстерската Опатија, или во катедралната црква Сент Пол, Вилијам грубо го отфрлил неговото барање.

Наводно тоа не било можно затоа што  во едната црква се венчале тој со Кејт Мидлтон, а во другата нивните родители- Чарлс и Дијана.

Наместо во тие две елитни, кралски локации, за свадбени свечености, Вилијам му рекол на Хари дека со Меган треба да се венча  во некоја селска црква, нудејќи ја како варијанта една селска опатија во местото  Коцволд, поранешно село во пошироката околина на Лондон, каде татко им  Чарлс има имот.

Сепак,најден е некаков компромис, па свадбата на помладиот син на сегашниот крал се одржа во црквата Сент Џорџ во кралскиот замок во Виндзор, но не таму каде се има венчано Вилијам.

Синовите против бракот со Камила

Хари во мемоарите зборува и за своето војување во Авганистан, како воен пилот на хеликоптер на британската војска и тоа на два пати, но и за своите тинејџерски и младешки години, признавајќи дека на 17 години има земано кокаин, а дека во колеџот Итон, има пушено марихуана.

Не го сокрива ниту инцидентот , што предизвика бура во британската јавност, кога за една костимирана журка се има облечено со кошула со нацистички, кукаст крст на неа, откривајќи дека кога ги прашал Вилијам и Кејт дали така да се појави на журката тие се изнасмеале, но не му рекле да не го прави тоа.

Конечно, за прв пат,  открива дека тој и постариот брат го советувале татко им, принцот Чарлс да не се жени со Камила Паркер. Сегашната кралица- сопруга, а означувана како виновникот за разводот на нивниот татко од мајка им,  покојната принцеза Дијана. „Се плашев дека ќе биде лоша маќеа“- има напишано Хари.

Вториот син како резерва

Иако позната само по досега објавувани делови во некои весници, книгата што ќе се појави на 10 јануари, во Британија веќе се означува како „бомба“ фрлена во британската кралска куќа. За книгата се вели дека   ќе го потресе  кралското семејство онака како што тоа во минатото  го има  направено Дијана со своите изјави против кралското семејство – од разводот со Чарлс, па се до својата трагична смрт.

Мемоарите  насловени како  „Spare”  или во превод „Резерва“ , во секој случај, го покажуваат гневот на принцот Хари од неговата позиција, како и од третманот во семејството, а посебно од односот на неговиот постар брат .

Насловот на книгата е извлечен од една стара изрека , позната во светот на аристократите и кралските  семејства – за разликите во односот кон првиот и  кон вториот син. Оној првиот ги наследува- и титулата и моќта и богатството- додека вториот останува  да биде само за резерва. Во случај доколку на првиот , постариот син, нешто му се случи.

(Д.Л.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе