Масовна потрага по нацистичко злато
Една стара нацистичка карта, од времето на Втората светска војна, на која како што се верува е означено местото каде германските војници сокриле големо богатсво , во вредност од многу милиони евра , во Холандија предизвика вистинска масовна „златна треска“.
Малечкото место Омерен , на истокот од земјата, е буквално окупирано од трагачи по сокриените злато, дијаманти и рубини кои упорно го „преоруваат“ теренот, опремени со специјални детектори за откривање метал и со копачи и лопати.
Сите се согласуваат дека е малку веројатно, после повеќе од 70 години , во реонот на местото да се најде сокриено нацистичко богатство, но луѓето од сите страни на Холандија доаѓаат, верувајќи дека „можеби ќе наидат на нешто“.
Целата работа- и не сакајќи- ја има покренато холандскиот Државен архив кој на 3 јануари објави карта на која (наводно) е прикажано местото каде нацистите имаат сокриено четири сандуци , полни со дијаманти, рубини, злато, сребро и накит што ги имаат украдено, во август 1944 година.
Картата што била заробена од еден нацистички воујник , сега за прв пат се публкува, после 75 години откако била тргната ознаката за тајност на документот.
Портпаролот на архивот изјавил за медиумите дека не се знае дали навистина, на локацијата има сокриено богатство. Но, претставникот на архивот Ане Марике Самсон открила дека повеќе пати приказната, која долго постои во холандската јавност , била проверувана и таа за експертите од архивот изгледа вистинита.
Меѓутоа, таа има речено и дека веднаш после Втората светска војна се вршени ископувања . Ништо ниту тогаш, а ниту ппотоа не било најдено.
Објавената карта, на која со три дрвја и со еден црвен крст е означено местото со закопаното богатство, сепак, силно ја има распалено фантазијата на денешната генерација Холанѓани.