Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Без носталгија за последниот грчки крал

Без носталгија за последниот грчки крал

Во Атина, на приватниот имот на поранешното кралско семејство, каде се наоѓаат  посмртните останки и други членови на семејството, беше погребан поранешниот и последен крал на Грција, Константин Втори. Тој почина во една атинска болница, од последците на  порано претрпениот мозочен удар. Имаше 82 години.

Погребот беше означен како приватен, затоа што починатиот  беше третиран како приватно лице, па помина  без никаква државни почести, што предизвика контраверзи во делови од домашната  и во европската јавност .

На погребот немало повеќе од 200 лица, но  биле присутни актуелни европски монарси и високи претставници на кралски семејства- како данската кралица Маргрета, шпанскиот крал Фелипе со сопругата и холандскиот крал и кралица, но и крунисани глави од Луксембург, Шведска и Монако.

Погреб без државни почести

Од Британија на погребот присуствувла сестрата на кралот Чарлс, принцезата Ана, откако од претходно е познато дека во Атина, на погребната церемонија нема да присуствуваат британскиот крал кој е братучед на покојниот Константин, а и принцот од Велс, Вилијам кого поранешниот грчки крал го има крстено.

Беше овозможено граѓани да му одадат последна почит на бившиот крал, но не се знае колкумина поминале покрај неговиот ковчег. Грчките медиуми јавуваат дека домашната јавност останала рамнодушна на веста за смрта на Константин, не покажувајќи никаква носталгија за некогашниот крал и за поранешното кралство.

Ниту грчкиот премиер, а ниту претседателката на државата не се појавија на погребот, на кој во името на владата присутвувале само нејзиниот потпретседател и министерката за култура и спорт. Тоа се објаснува со одлуката на владата да не се прифати државен закоп. Според премиерот Киријакос Мицотакис – „починатиот бил лидер на Кралство Грција, а тоа повеќе не постои“.

Добар принц, непопуларен крал

Константин кој беше роден во 1940 година, како дете на кралот Павле и принцезата Федерика од Хановер, беше крунисан  во 1964 година, на 23 годишна возраст. Како едногодишно дете бил одведен во бегалство, заедно со родителите, каде ги има поминато  годините на  Втората светска војна и нацистичката окупација на Грција.

Како принц-престолонаследник бил популарен во јавноста, особено откако во 1960 година, на Олимпијадата во Рим има освоено златен медал во едрење. Но, како крал ќе остане запаметен како непопуларен монарх, поради низата политички грешки кои ги има направено.

Прво, подржувајќи го соборувањето на легално избраната и демократска  влада на Георгиос Папандреу, татко на Андреас, основачот на партијата ПАСОК и дедо на сегашниот грчки политичар Јорго Папандреу.

Падот на стариот центристички политичар кој беше популарен во грчката јавност, практично, беше вовед во воениот пуч на грчката армија што го предводеа група полковници, изведен во 1967 година, отако кралот беше само три години на престолот.

Неуспешен контра-пуч и егзил

Неговиот углед целосно беше урнат кога тој и даде легитимитет на владата што ја создаде воената хунта, давајќи му на тој начин и легалност на самиот воен удар.

Неколку месеци подоцна, Константин се обиде да изведе контра-удар со група нему лојални офицери , но целата акција неславно пропадна , па веднаш потоа кралот со своето семејство мораше да ја напушти Грција и се насели во изгнанство во Велика Британија.

Во Лондон остана се до враќањето во Грција, после долгиот судски процес   против грчките влади, за враќање на семејниот имот во околината на Атина, што му беше одземен. Во својата земја се врати како приватно лице, без право да се замеша во политиката и така остана се до крајот на животот.

По обновата на демократијата во Грција, во летото 1974 година, на референдум грчките граѓани со големо мнозинство се определија против обновата на монархијата. Грција стана република, а за прв претседател беше избран остарениот политичар Константин Караманлис, кој во време на хунтата беше во бегалство во Париз.

Починатиот поранешен грчки крал , беше оженет со данска принцеза која е сестра на сегашната кралица на Данска. Сестрата на Константин е мајка на сегашниот шпански крал , од бракот со ( абдицираниот) поранешен крал Хуан Карлос.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе