Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Девојче починало од вдишување дезодоранс

Девојче починало од вдишување дезодоранс

Едно 14 годишно девојче од англискиот град Дерби починало од застој и блокада на срцето, откако претходно самото се попрскало со дезодоранс во својата соба.

Според соопштението на британската полиција, девојчето има вдишено дезодоранс-аеросол додека си играла во собата, на горниот кат од семејната куќа, додека нејзините родители мирно седеле во приземјето.

Пронајдена без свест

Џорџина Грин била пронајдена без свест, откако го испрскала прекривачот од својот кревет со дезодорансот, а потоа се завиткала во него. Лекарите утврдиле дека дошло до запирање на работата на срцето, а набргу по тоа девојчето починало.

Трагичниот случај во Дерби се случил во минатата година, но локалните медиуми сега се имаат навратено на инцидентот, по заклучување на истрагата на коронерот. Особено и затоа што мајката  сега има покренато кампања за , како што вели, подигнување на свеста- и кај децата и кај родителите- за опасниста од вдишување на аеросол.

Намерата е да не се случи уште една ваква трагедија, на тој начин што сите другите ќе се образуваат за заканата од оваа опасна игра кај дел од  децата на најзина возраст. Мајката сега раскажува дека кого отишла во собата на Џорџина , брзо утврдила дека девојчето не реагира.

Вели дека ќерката била совршено здраво дете кое никогаш не било болно од било која посериозна болест.

Закана од аеросол-дезодорансите

Родителите само признаваат дека девојчето сакало да го прска својот креветски покривач со дезодоранс, а потоа цврсто да се завитка во него , поради- пореметена сензорска интеграција.

„Едноставно, и се допаѓаа мирисот на дезодорансот, затоа што потоа се чувствувала смирена и опуштена. Сега сакама да се знаат овие детали од нашата семејна трагедија, затоа што овој пат Џорџина се има премногу попрскано со аеросолниот дезодоранс.

Молиме за помош, за да се прошири сознанието дека отровните хемикалии и гасот во аеросол лименките можат да убијат. Станува збор за закана која не се однесува само на децата, затоа што ваквите аеросол дезодоранси ги има во секое домаќинство“-  се вели во апелот на родителите на несреќното девојче.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе