Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Бугарската крипто измамничка излегува од сенка?

Бугарската крипто измамничка излегува од сенка?

Руја Игнатова (42)  родена во Бугарија, а сега жител  и државјанин на Германија, која  повеќе од пет години е во бегство, се наоѓа на листата на десете најбарни криминалци што ја има издадено американското ФБИ и по неа трагаат полициите на десетици земји во светот.

Таа е осомничена дека има украдено 4 милијарди долари , откако со нејзиниот деловен партнер Себастијан Гринвуд успеале да измамат на стотици ( наивни и лакоми) крипто ентузијасти. Сите нив ги уверувале дека нивниот крипто-жетон Onecoin е најмоќен и најсигурен и може да ги уништи сите други такви валути.

Пластична операција за ново лице

Започнале да го пласираат на пазарот во 2014 година, ветувајќи им на инвеститорите ( како што тоа се прави и со т.н. пирамидално штедење) пет, или дури и десет пати поголема заработувачка од вложените пари , но како што велат оние кои трагаат по Бугарката- во исто време и навредувајќи ги своите инвеститори- означувајќи ги како  обични „идиоти“!

Во 2017 година, меѓутоа, откако  некако има разбрано дека може да биде уапсена и казнета, Игнатова,  едноставно, исчезнува и од тогаш се наоѓа во бегство. Ниту една полиција не може да утврди каде таа се крие. Американската полиција верува дека има „платено големи пари“ за пластични операции со кои целосно го има сменето лицето и ликот.

А, кога се мислеше дека можеби никогаш повеќе  за неа не ќе може да се слушне, а уште помалку да се најде – за да и се суди за грабеж и бројни измами , лондонски Би-Би-Си објави дека таа (после дого време) има „излезено од сенка“ и тоа само поради еден скап недвижен имот, лоциран среде Лондон- во угледниот и отмен богаташки кварт Кенсингтон.

Станува збор за пентхауз кој на барање на германските власти беше ставен на продажба, по цена од 12,5 милиони фунти, без да се пресмета вредноста на скапата опреме и мебелот во него и вредните уметнички предмети и слики.

Пентхауз во лондонски Кенсингтон

Британската финансиска инспекција и властите кои треба да го контролораат и да го спречат перењето пари, сметаат дека големиот стан-пентхауз Игнатова го купила на име на компанијата која формално постоела како покритие на нејзините валкани бизниси.

Но, во Британија од пред извесно време, на сила се нови прописи – создадени токму против перењто валкани и сомнителни пари, што е особено раширено во Лондон. Во секој случај, според новите прописи покрај фирмата и компанијата, мора да биде именуван и кориснкот на имотот, во случајот на станот во Кенсингтон.

Адвокатите на компанијата ( и на Бугарката) имаат поднесено формелен приговор за ваквата продажба на имотот и при тоа за прв пат имаат откриено дека сопственикот на скапиот пентхауз, всушност,  е Руја Игнатова, жената по која се трага пет години.

Се смета дека ова е прв пат таа да излезе од длабоката сенка во која е сокриена, откако досега оваа крипто измамничка е надвор од секаква евиденција, па и скапиот стан се води како сопсвенист на компанија која се нареку Аботс Хауз Пентхауз.

Компанија регистрирана на Гернси

Оваа компанија, како и многу други, слични на неа, е ргистрирана на островот Гернси, во каналот Ламанш. блиску до францускиот брег кој има широка автономија, иако формално е подбританската круна. Островот важи за еден од рајските места за перење пари, за сокривање и избегнување плаќање данок, вклучувајќи го и бегството од британските даночни власти.

Би-Би-Си како и американски медиуми пишуваат дека се уште нема трага каде може да биде Игнатова- најбараната жена во светот- но, велат дека сега, после толку време, таа е поименично наведена како сопственик  на недвижен имот и тоа во срцето на Лондон.

Ако ништо друго, извлекувањето на измамничката од сенка, значи дека таа е жива и здрава, а дека некаде, сепак, ќе се откријат документи што содржат важни траги за нејзиното престојалиште.

ФБИ нуди награда од 100 илјади долари

На тој начин би можело да се замрзне нејзиниот имот , а од тоа да почне да ги враќа парите на оштетените инвеститори. Само во Британија,  се смета дека вкупната вредност на оние кои се измемени изнесува над 100 милиони фунти.

Американците во меѓувремени соопштија дека ја продолжуваат потрагата по  бугарската измамничка.

За неа,  ФБИ нуди награда од 100 илади долара за податоци кои би помогнале таа да биде уапсена. Она што тамошната полиција знае е дека патувала со германски пасош и на тој начин престојувала во Грција, по земјите на Блискиот Исток, а престојувала и во Обединетите Арапски Емирати, во некои земји на Источна Европа и Русија, како и во Германија и во родната Бугарија.

Нејзиниот брат кој го презел управувањето со фирмата по исчезнувањето на сестрата, бил уапсен во 2019 година во Лос Анџелес, кога се подготувал да замине за Софија. На првото сослушување признал дека е виновен за измама и за перење пари. Тврди  дека не знае каде е неговата сестра.

 

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе