Последен лет на „Кралицата на небото“
Легендарниот авион „Боинг 747“ за кого експертите велат дека има воведено вистинска револуција во авионскиот сообраќај беше испратен во историјата на вистински , кралски начин, како што тоа и му доликува на леталото кое одамна е означено како „Кралица на небото“.
Американската карго компанија „Атлас Ер“ го презеде последниот произведен авион „747“, на компанијата „Боинг“ од погоните на фабриката во градот Еверет, во сојузната држава Вашингтон, откако претходно беше објавено дека се прекинува производството на овој свој модел. Веројатно, најуспешниот во нејзината историја.
Летајќи над небото на оваа сојузна држава, на крајниот северозапад од САД, пилотот на авионот се движел по специјално уреден воздушен коридор, за да може на небото да ги исцрта бројките-Седум/Четири/Седум- со круна над нив.
Конструиран за само 28 месеци
Американските медиуми пишуваат дека подготовките за специјалниот лет на последниот произведен „Боинг 747“ траеле неколку денови, откако работницата во фабрката, претходно, се имаат опростено од моделот што го имаат изработувано половина век.
Станува збор за еден од најпознатите модели на авиони во светот, затоа што со него е започната новата ера на т.н. „џамбо-џет“ авиони. Моделот е смислен и дизајниран во шеесетите години на 20 век, за само 28 месеци. Тоа е првиот патнички млазен авион конструиран со две патеки меѓу седиштата.
Направен е по нарачка за тогаш најголемата американска и светска авио компанија „Пан Америкен“ кој веќе не постои, за долги патувања со многу патници. Конструкторите и дизајнерите тогаш се имаат определено за проширување на трупот на авионот, а не за зголемување на неговата висина.
Така создаден, овој „Боинг“ набрзо стана и најпопуларно и најбарано летало од сите светски компании, определени за летови на долги дестинации, па со децении важеше за еден од напродаваните авиони на компанијата- како за патнички , така и за карго сообраќај.
Со децении-најпродаван модел
Во меѓувреме, моделот „747“ има доживеано низа дизајнерски промени , но изминатите 50 годни остана да се изработува авионот според основната замисла на инжинерите кои го имаат создадено.
Во последните години, меѓутоа, моделот почна се помалку да се бара на пазарот, затоа што од другата страна на Атлантикот, од Европа, се појави силна конкуренција со авионите „Ербас“ кои се покажаа како попрофитабилни, па затои и комерцијално поинтерерсни.
Во такви услови, компанијата „Боинг“ во 2020 година најави дека ќе го запре производството на својот легендарен „џамбо-џет“, најавувајќи негов наследник.
Тоа е новиот, велат , најголем модел „Боинг- 777К“ кој треба на пазарот да се појави во 2025 година.