Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Столтенберг (сепак) заминува од НАТО

Столтенберг (сепак) заминува од НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг , сепак, заминува од функцијата , откако од седиштето на Алијансата беше соопштено дека тој нема намара одново да го продолжи мандатот. Сегашниот мандат му истекува во октомври оваа година.

Неговиот мандат веќе на три пати е продолжуван, па тој на оваа позиција во НАТО ќе остане девет години.

Се бара наследник

Претходно, германскиот весник „Велт ам Сонтаг“ објави дека норвешкиот поитичар и после октомври ќе остане  на функцијата ( барем  додека трае  војната во Украина) – во интерес на одржувањето на стабилноста на Алијансата. Сега меѓутоа, кога е и службено потврдено дека Столтенберг си заминува, весникот се занимава со тоа кој би можел да го наследи.

Како главни кандидати се споменуваат сегашниот шпански премиер Педро Санчез, како и актуелниот британски министер за одбрана Бен Валас. И едната и другата земја , претходно, имаа свои политичари на оваа висока и важна безбедносна и политичка функција за Европа и за западниот свет.

Столтенберг беше премиер на Норвешка на два пати. Прв пат меѓу 2000 и 2001, а потоа, уште еднаш, од 2005 до 2013 година. Генерален секретар на НАТО е од март 2014, веднаш по руската инвазија врз украинскиот полуостров Крим и по бунтот во Луганск и Донецк, што Москва го потикна на Истокот од Украина, кога за прв пат ги користеше како “доброволци“  платениците од паравоената група „Вагнер“.

Мандат врзан за Украина

Во 2022 година, веднаш по масовната и брутална агресијата врз Украина, Алијансата брзо се согласи да му го продолжи мандатот до крајот на септември 2023. Тогаш се зборуваше дека Столтенберг ќе биде именуван за претседател на Централната банка на Норвешка. Сега велат дека се има откажано од таа позиција.

Тој беше првиот генерален секретар, од создавањето на НАТО во 1952 година, што доаѓа од земја-членка која се граничи со Русија, а ќе остане како прв кој ја предводел оваа организација во време на првата, вистинска војна во Европа, по 1945 година-  на истокот од континентот, во Украина.

На тој начин, неговиот мандат се до заминувањето од функцијата е во знакот да и се помогне на Украина во нејзината храбра пресметка со агресијата од страна на путинова Русија, затоа што бранејќи ја украинската државна територија, практично, се брани Европа, демократијата , европскиот начин на живот, наспроти авторитарноста на Русија и и новата поделба на континентот , кога се мислеше дека тоа време на подигнување „завеси“ е поминато.

Најголема сплотеност и единство

Соопштението за заминување од НАТО , Столтенберг ја објавиви во време непосредно пред годишнината на инвазијата и кога се очекува нова руска офанзива, за некаква победа во војната (најверојатно во реонот на Бахмут, во југоисточна Украина) која на Владимир Путин му е потребна за да има некакво оправдување за покренувањето на агресијата кон земјата на која со договор од пред 30 години и ја има гарантирано територијалната целовитост, а која сега ја распарчува, анектирајќи територии за кои тој смета дека треба да и припаднат на Русија.

Во мандатот на актуелниот генерален секретар, меѓутоа, е и времето на најголемата сплотеност и единство на Алијансата, кога станува збор за влечењето на потезите по руската инвазија, како и  активирањето на  проширувањето на организацијата.

Како полноправна членка беше примена Македонија, по затворањето на спорот со Грција и постигнувањето на историскиот договор од Преспа, со големо задоцнување откако Хрватска и Албанија му се приклучија на НАТО уште во 2008 година, а беше предидено трите балкански земји тоа да го направат заедно.

Проширување кон југот и северот

Уште повеќе што на Самитот на Алијансата во Мадрид, пред крајот на деведесетите години на 20 век, во екот на влегувањето на поранешните комунистички и социјалистички земји од Истокот на Европоа во оваа организација, Македонја и Словенија беа рангирани пред сите другите.

Таквата позиција на земјата беше изменета поради политиката на македонските националисти кои во своите два мандати , особено во последниот кој траеше 11 години, не само што  самите ја тргнаа  Македонија  од евро-атланскиот пат, туку вмровскиот режим, ја сврте земјата кон Истокот, ставајќи се во функција на Русија и на нејзината империјална политика на Балканот.

Во изминатите месеци, по инвазијата, Столтенберг силно е ангажиран и за ширење на НАТО кон северот од Европа, со приемот на Финска и Шведска. Овие две земји кои имаа декларирано неутралност кога станува збор за членството во вакви организации, ја сменија својата позиција соочени со руската закана.

Тие, меѓутоа, и без формалното членство, со години на ред беа составен дел од стратегијата и структурите на Алијансата. Нивното влегување како 31 и 32 членка сега е во завршна фаза. Се чека само на ратификацијата на нивното членство од ердоганова Турција и од орбанова Унгарија.

(С.Г.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе