„Нема Вагнер да ми кажува што да правам“
Над илјада ултрадесничари и националисти протестиаа во средата вечерта во Белград, барајќи да се прекинат преговорите за Косово и обвинувајќи го претседателот на Србија за „предавство“.
Александар Вучиќ кој до скоро во националистичката јавност на земјата , па и меѓу крајната десница, беше означува како „херој и заштитувач на српството“ , остро ги осуди демонстрациите, кои беа организирани на денот на државноста на Србија и одбележувањето на годишнината од Првото српско востание во 1804 година .
Според него, протестите беа -„ анти-српски и финансирани и потикнувани од странска земја“.
Закани од српските ултрадесничари
Демонстрантите го блокирале центарот на Белград и настојувале да го пробијат полицискиот кордон пред претседателската палата, во обид да навлезат во неа.
Извикувале -„каде е Вучиќ“ и „предавство“, фрлајќи јајца кон зградата во која се наоѓа канцеларијата на шефот на државата. Во текот на протестот носеле транспаренти за тоа дека „Косово е Србија“ , но и дека „предавството кон Косово е предавство кон Русија“.
Во својот говор, лидерот на крајнодесничарската организација „Народна патрола“ им се заканил на власта и на претседателот на државата дека овие протести ќе продолжат и дека ќе бидат и поголеми и понасилни. „Бидете подготвени за многу повеќе од обични нереди“ – рекол обрачајки им се насобраните десничари.
Но други говорници зборувале за подршка на Русија и прѕотоа извикувале дека „оваа годона во Киев ( ќе навлезат Русите), а следната година во Призрен ( на Косово)“.
Станува збор за тврда, српска националистичка група која и е позната на власта и која веќе се има на неколкупати огласено, како и тоа дека е во тесна врска со руската платеничка организацијја Вагнер која е блиска до Владимир Путин и војува на Истокот од Украина.
Обид за атентат ?
Во обраќањето до српската јавност, доцна ноќта , по завршувањето на протестите и по вонредниот состанок што претседателот го имал со безбедносните служби и со разузнавачките агенции, Вучиќ рекол дека зад демонстациите стои група која прима пари од „една странска земја“.
„Не знам дали станува збор за проруска група, но добро знам дека таа е анти-српска. Не ми треба Вагнер да ми кажува што треба да направам и што е во интерес на државата“- рекол српскиот претседател, за прв пат обвинувајќи ја руската милитантна и паравоена организација за мешање во српските внатрешни работи.
Случувањата во средата започнаа со апсењето на две лица, од покраината Војводина, кои патувале кон Белград, во чие возило полицијата има откриено оружје и муниција.
Подоцна , медиумите открија дека во автомобилот имало снајпер пушки, како и дека патниците патувале на протестот што се одржа во организација на „Народна патрола“, но зад кој стои и парламентарната партија Двери која е десничарска, националистичка и силно проруска.
„Лажни патриоти“
Веднаш по обраќањето на претседателот на Србија , уследи реакција со осуда на протестите за кои се тврди дека се наосчени против интересите на државата, но и како обид да се изврши атентат врз Вучиќ.
При тоа се користи говорот на еден од припадниците на српската националистичка десница кој се заканувал дека – „оној кој ќе потпише (договор за нормализација со Косово) – ќе биде убиен“.
Премиерката Ана Брнабиќ ги означи демонстрантите како „лажни патриоти“ и ги обвини дека со ваквиот протест само покажуваат дека не ги интересира иднината на земјата.
Многу поостар во својата реакција беше шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ кој, инаку, важи за „проруски човек“ во српската влада и во власта на државата.
Според Дачиќ, станува јасно дека демонстрациите на крајната десница покажуваат оти се „подготвувал државен удар“ и дека притоа се планирало извршување атентат и убиство врз претседателот на државата.
Дачиќ- „Подготовуван државен удар“
„Ова е предавство на државните и на националните интереси на Србија, организирано за сметка на интересите на непријателите на државата“- има речено Дачиќ во својата реакција.
Никој не споменува која е странска земја што стои зад насилничките анти-Вучиќ демонстрации, уште и со закана за изведување атентат, но дел од медиумите укажуваат на Русија. Особено што сето ова се случува по двете заканувачки изјави на рускиот амбасадор во Белград.
За тоа дека Србија не треба да го прифати француско-германскиот предлог за нормализација на односите со Косово, како и тоа дека косовското прашање треба да се разреши по завршување на војната во Украина.
Рускиот амбасадор , меѓутоа, побрза следниот ден да се огради од демонстрациите , како и од она што од протестот беше порачано . Но, и од заканите кон државата и посебно кон претседателот Вучиќ, откако стана јасно дека официјален Белград ги обвинува десничарите за кои се знае дека се поврзани со Русија.
Апсење во Белград
Властите брзо реагираа на заканите за уште поголемо насилство и за масовно демонстрирање, што крајната десница сака да го организира на 24 февруари, на годишнината на руската инвазија врз Украина.
Уапсени се говорниците на протестот во средата доцна вечерта за она што тие го имаат речено, а што сега се оценува како обид за насилно уривање на уставниот поредок.
Осуда на заканите за извршување атентат врз претседателот има и од делови на опозицијата. Но, од таму се слушаат и гласови на критика кон властите и посебно кон владеачката партија во Србија, при што се вели се вели дека досега било толерирано делувањето на крајнодесничарските групи, вклучувајќи ја и „Народна патрола“.
За неа се вели дека власта од порано знае дека групата соработува со руската паравоена платенничка војска Вагнер, како и дека двете заедно, дури ги има користено- посебно за верските литии (протесни маршеви) низ Белград, како оние против ЛГБТ парадата.
(Д.Б.)