Поврзете се со нас

Skopje Global

Технологија

ЕК го забрани ТикТок на службените мобилки

ЕК го забрани ТикТок на службените мобилки

Вработените во Европската комисија (ЕК) имаат добиено наредба да ги тргнат ТикТок апликациите од службените мобилни телефони и од другите електронски апарати. Во службеното соопштение се вели дека ваквата мерка била неопходна , за да се заштитат службените податоци и за да се зголеми сајбер безбедноста.

ТикТок, популарна играчка на млади и стари, која се поставува на смарт телефоните и таблетите, е сопсвеност на кинеската компанија „ByteDance” од порано е осомничена дека преку забавата која ја промовира оваа созијална мрежа , прибира податоци за корисниците кои потоа завршуваат кај кинеските власти- кои ги имаат на располагање.

Безбедносна мерка

Еврокомесарот за индустрија Тиери Бретон има изјавено дека ЕУ силно е фокусирана врз сајбер безбедноста , но одбил да даде повеќе детали во врска со тоа и со оваа најнова мерка- насочена кон сите вработени во разните служби на ЕК.

Забраната значи дека вработените , од сега па натаму, не само што не ќе смеат да ги следат содржинита ставени на ТикТок, туку не ќе смеат и да ја инсталираат оваа социјална мрежа.

Во Европската комисија постојано вработени, или како повремени ангажирани има околу 32 илјади лица. Сите тие ќе мора да ја тргнат апликацијата на ТикТок, таму каде е вградена, надоцна до 15 март годинава.

Пристап до податоците во Кина

Оние кои тоа нема да го направат во предвидениот рок, соопштено е дека ќе бдат исклучени од пристапот и користењето на мејловите на ЕК и од Skype for Business.

ТикТок се брани дека нивното работење не се разликува од она на другите познати социјални мрежи. Но, минатата година, самиот ТикТок има признаено дека некои од членовите на нивниот персонал во Кина, има пристап до податоците на нивните корисници.

САД во 2022 година, исто така, забрани користење на оваа социјална мреже на електронските апарати што ги користат членови и вработените во американската администрација (владата на САД). Одлуката, како што тогаш беше соопштено во Вашингтон, беше донесена од безбедносни причини.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Технологија

Горе