Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Вагнер – терористичка организација“

„Вагнер – терористичка организација“

Британските лабуристи побараа од владата на премиерот Риши Сунак, официјален Лондон да ја прогласи руската паравоена и платеничка група „Вагнер“ за терористичка организација, затоа што е директно вклучена во инвазијата на Русија врз Украина и затоа што е составен дел од војната во која нејзините припадници имаат извршени злосторства.

„Вагнер“ веќе се наоѓа на британската „црна листа“ , а опозициските лабуристи бараат таа и формално да биде оквалификувана како терористичка организација која има извршено убиства и злосторства.

На тој начин, како кривично дело ќе биде квалификувано припадноста и членувањето во оваа криминална, приватна војска, потоа присуството на било каква нивна средба, а ќе се обесхрабри давањето подршка за ваквата организација и ке се забрани користењето на нивното лого.

Според британската Скај телевизија „Вагнер“ на Евгениј Пригожин, близок пријател, истомисленик и сојузник на рускиот претседател, бил вклучен во распарчувањето на Украина уште од 2014 година, по окупацијата и анексијата на Крим и во сепаратистичкиот бунт на Русите во Донецк и Луганск.

По инвазијата од пред една година, освен платеници, во согласност со власта на Русија, регрутира затвореници од руските затвори- главно тешки криминалци и убијци . Ваквата путинова војска беше дел од операциите за преземање на стратешкото место  Соледар, а сега е вклучена во борбите за Бахмут, во Донецк, во Источна Украина.

Британските лабуристи му сугерираат на премиерот Сунак да ги следи Американците во нивниот третман на „Вагнер“. Во минатиот месец,  оваа руска група, која од пред крајот на 2022 година самата се промовира во компанија, САД ја прогласија за моќна и опасна, транснационална криминална организација.

Целта на барањето на опозицијата е групата во Британија  да се прогласи и за терористичка организација , па на тој начин да се оневозможи британски државјани да  членуваат во неа, како и да и даваат јавна подршка и да ја промовираат.

Европската Унија има воведено санкции за „Вагнер“ за нејзиното учество во илегалните воени операции во неколку земји на Африка.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе