Три годишно крстарење со крузер околу светот
Американската компанија „Life at Sea” почна со резервации за едно патување, какво велат, немало досега. За патување со брод-крузер , по сите океани , околу светот, долго 135 илјади милји, што ќе трае три години.
Почнува на 1 ноември оваа и завршува во ноември 2026 година. Тоа задоволство, за да се поминат три години од животот на брод, далеку од дома и од секојдневието – чини и многу пари- 90 илјади долари за едно лице, или по 30 илјади за секоја година.
Седум континенти и 135 земји
Бродот-крузер тргнува од пристаништето во Истанбул и на својот долг пат (според ветувањето на компанијата) треба да се посетат, а во некои и да се престојува 375 пристаништа на сите страни од светот, во дури 135 земји, на сите седум континенти ( вклучувајќи го и Антарктикот).
Компанијата ветува дека жителите на бродот ќе имаат можност да видат се што треба да се види од светот- од Рио де Женаиро, мексиканскиот Чичен Ице и перуанското чудо Мачу Пичу, до индисниот Таџ Махал, кинескиот Голем ѕид и пирамидите во Гиза. Притоа, вклучена е и посетата на дури 103 „рајски тропски острови“.
Бродот крузер „Џемини“ што сега крстосува во Егејското море, меѓу Турција и Грција, ќе биде комплетно припособен за живот и работа во следните три години престој на него. Крузерите и онака се како мали градови што пловат, но овој ќе има и услови за работа и бизнис „ од дома и од далеку“.
Бизнис „од дома“
На патниците кои не може да ја прекинат својата работа им се нуди тоа да го прават од големиот крузер- со својот бизнис центар, со дваесеина канцеларии што бесплатно ќе се издаваат, со деловна библиотека и со WI-FI со голема брзина. Дури се нудат и даночни олеснувања со статус на меѓународен резидент на брод.
Бродот со себе носи и комплатно уредена болниц која е на услуга 24 часови , без дополнително плаќање на секакви медицински услуги.
Предвидено е за следниот Божик , бродот и патниците на него да бидат во Бразил, а за Новата 2024 година во Аргентина, а од таму преку Карибите, централна Америка и западниот брег на САД до Хавајските острови.
Скапо задоволство
Итинирерот предвидува посета на низа земји на Далечниот Исток и во Азија, крстарење околу Австралија, Нов Зеланд и јужните делови на Тихи океан, рајските острови на источниот брег од Африка, обиколка на западниот брег од „Црниот континент“ , на пат кон Европа. Предвидено е да се плови околу северна Европа, но и меѓу земјите од Медитеранот.
Пресметката вели дека една двојка за сето ова треба да плати 180 илјади долари, не сметајќи ги трошоците по бројните пристаништа и градови каде патниците ќе излегуваат на копно.
Но, компанијата вели дека ова е понуда каква се добива еднаш во животот – да се види од светот се она што вреди да се види- како и цели три години да се замине од дома и притоа да се остави се зад себе.
Потребни се само многу пари и спремност да се издржи животот на брод.