Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Скопје – втора најевтина дестинација во Европа

Скопје – втора најевтина дестинација во Европа

Во Европа постојат две места каде може да се помине евтин викенд за помалку од 250 фунти (280 евра) , вклучувајќи го и авионскиот превоз- пишува лондонскиот „Дејли Мирор“ , повикувајќи се на истражувањето на агенцијата „Џерси Травел“ . Во препораката за британските туристи- главно млади двојки кои бараат евтин викенд провод- агенцијата вели дека едното место е Подгорица , во Црна Гора, а другото Скопје, во Северна Македонија.

Во главниот црногорски град романтичен викенд, како што се означува престојот, може да се помине за нешто над 250 евра, а во главниот македонски град за околу 307 евра.

Откривање на Западен Балкан

Истражувачите на агенцијата откриле дека во Скопје, може да биде и поевтино, затоа што таму три оброци се поевтини отколку во Подгорица, но во скопските кафулиња, пабови и ресторани е поскап алкохолот и пијачката воопшто, што го прави градот да биде рангиран како втората најевтина дестинација во Европа.

Целото истражување е правено во настојувањето на британските туристи, посебно на младите, да им се понудат нови туристички дестинации и нови предизвици. Тоа е особено важно сега,  по повлекувањето на глобалната пандемија, во настојувањето на агенциите од Британија, но и од другите земји во Европа, одново да застанат на нозе, по тригодишната блокада поради коронавирусот.

Многу повеќе од порано , на потенцијалните посетители им се нудат земјите од Источна Европа, а во последно време и земјите и градовите од Западен Балкан.

Свртување кон Источна Европа

Во овие земји значително е подигнат општествениот стандард, па на гостите од Британија може да им понудат сместување, храна, забава и вкупен провод на нивото на низа европски дестинации кои се традиционално сврталиште за британските туристи- посебно за помладите, чии барања се поумерени.

На листата од десет евтини дестинациии, по Скопје следуваат унгарските градови Дебрецин ( со цена од 340 евра)  и Сегедин ( со 367 евра).

Како пето рангирана, според парите потребни за викенд провод- е полскиот главен град Варшава, а до неа е Софија. Престојот и проводот во бугарскиот главен град чини 367 евра.На  листата на десете најевтини викенд дестинации се и полскиот град Лублин, потоа Тузла , во БиХ, како и Белград (Србија), каде еден викенд би чинел 395 евра.

Десето рангиран, според критериумите врз кои е правена листата,  е главниот град на Чешка- Прага. Пресметано е дека таму (евтин викенд за една двојка) би чинел најмалку 415 евра.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе