Прв назален спреј против мигрена
Американската агенција за лекови и храна (ФДА) соопшти дека го одобрила за опште уптреба првиот спреј за нос на компанијата „Фајзер“ за елиминирање на болките предизвикани од мигрена. Главната карактеристика на лекот, освен што е создаден како спреј е и во тоа што делува мошне брзо.
Претставник на оваа американска компанија има изјавено дека лекот, под комерцијалното име Завзпрет, ќе се најде во аптеките во САД, како и низ светот, веќе во јули оваа година.
Брзо ослободување од болката
Во „Фајзер“ велат дека одобрувањето добиено од ФДА претставува голем напредок за луѓето кои страдаат од мигрена и се соочуваат со силната главоболка, а на кои им е потребно и брзо да се ослободат од болката и да имаат на располагање и алтернативна опција за тоа- наместо досегашната единствена орална можност.
Испитувањата кои се направени и трите фази на експериментирање покажале дека овој назален лек ја олеснува и ја смирува болката за само 15 минути.
Како спреј за нос, со брзата апсорција на лекот, тој им нуди на луѓето кои страдаат од мигрена смирување и прекин на болката. Исто така ова е добра алтернатива и за оние кои не може да ги користат стандардните лекови, на орален начин, затоа што страдаат од мачнина и повраќање.
При тестирањето, компанијата и нејзините експерти го тестирале лекот врз 1405 лица- сите одбрани на слепо- без претходно да се проверува каква е нивната вкупна здравствена ситуација. Половината од овие лица го примале лекот како спреј, а другите примал плацебо.
Мигрената е мачно заболување
Притоа е утврдено дека како спреј се постигнува и побрз и поголем ефект. Два часа од првиот напад на мигрена што обично знае да биде проследен со силна главоболка, но и со мачнина, гадење , раздразливост и чувствителност на светлост и на секаква бучност.
За мигрената, инаку, се знае дека е хронично и мачно заболување кое може да предизвика и умерена или потешка инвалидност.Мигрената се јавува како главоболка и по 15 денови, секој месец, Но има пациенти кои страдаат од болеста со главоболка која трае целиот ден.
Лекарите сметаат дека станува збор за неуролошка болест и при тоа укажуваат дека хроничната мигрена е физиолошка, а не психолошко заболување. Не е ретко оваа болест, во форма на стресна мигрена, да се јавува во текот на викендите.