Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Франција: Законот за пензии донесен без гласање

Франција: Законот за пензии донесен без гласање

Старосната граница за одење во пензија во Франција е подигната за две години, од досегашните 62 на 64 години, откако францускиот Парламент го усвои законот со кој Французите ќе треба малку подолго да работат, за да одат во пензија.

Станува збор за системска мерка на која се чекаше со години, која повеќепати беше предлагана, но редовно повлчекувана од процедурата, затоа што секогаш наидуваше на спротивставување од домашните синдикати , а преку нив на политичарите од левичарските и десничарските партии, иако за тоа немаат некаков силен аргумент.

Посебно што во голем дел од Европа и од ЕУ, горната граница за одење во пензија е повисока од новата во Франција. Во Германија, на пример, најмоќната европска економија, како и во Британија од пред неколку години е искачена до  67 години.

Отпор  на десничарите и левичарите

Но, законот што наиде на силен отпор во делови од француската јавност, предизвика неколку неделно бранување, кое левичарите и десничарите го направија организирајќи протести низ Париз , проследени со насилнички напади врз полицијата, од страна на разните анархистички групи кои ги користат ваквите ситуации за да се  создаваат неред.

Тие сега се закануваат дека ќе продолжат со протести, незадоволни што законот го помина Парламентиот – без гласање.

Претседателот Емануел Макрон кој беше силен заговорник ( конечно) да се донесе еден ваков закон, како и премиерката Елизабет Борн се одлучија да ги надитрат левичарите и десничарите во Долниот дом , користејќи една легална, уставна можност .

Особено откако владата ја доби првата битка во Горниот дом ( Сенатот) каде беше изгласан,  благодарејќи на подршката која на влдата и ја дадоа десно-центристичките републиканци.

„Нема коцкање со иднината“

Во такви услови, наместо дебата во Долниот дом на Парламентот и гласање со политичко пазарење, за собирање гласови кај гласачите на крајната левица и десница,  владата се определи да го прогласи предложениот закон за системски, за реформски и закон од посебен интерес, па го искористи членот од Уставот кој и овозможува тој да се донесе без гласање на пратениците.

Тоа предизвика бура во парламентарните клупи каде пратениците од противничкиот табот беа спремни за пресметка со владата кои беа на работ да предизвикаат инцидент, барајќи од премниерката да поднесе оставка.

Настојуваа да се прекине седницата , пеејќи ја „Марсељезата“- државната химна на Франција- но, се остана на гласните негодувања за одлуката на Борн и Макрон, да се заобиколи Парламентот за да се донесе еден ваков ( навистина) реформски закон.

„Не можеме , до бесконечност, да се коцкаме со иднината на нашите пензии и затоа оваа реформа е и потребна и неопходна“- има речено премиерката во своето попреувано обраќање во Парламентот, кога го објаснувала решението да се прифати третиот став од членот 49 на Уставот на Франција.

Преголем ризик

Основната порака на Борн беше дека државата не може да го издржи товарот на големиот број пензионери кои рано дат во пензија, сега кога животниот век на населениеето е подолг. Според владата, доколку не се направеше реформата, се ризикува да дојде до колапс со пензискиот фонд за сите Французи.

Онака како што тоа пред десетина година се случи во Грција, каде како бенифицирани пензионери беа третирани  и фризерките- пензионирајќи се на помалку од 60 години, а потоа , работејќи одново некоја друга работа, наредните десет години.

Ваквата одлука на владата, а пред се, на Елисејската палата, била донесена во последен момент, пред да почне дебатата во Парламентот.

Макрон бил за тоа , сепак, да се оди на гласање, но се согласил да се примени „вонредната мерка“ откако бил информиран дека финанскиот и економскиот ризик е преголем за земјата, доколку при гласањето законот за реформирање на пензиите би бил отфрлен.

Победа и „пораз“ на Макрон

Празената крајна десница во која „пензионираната“ Марин ле Пен и натаму го има главниот збор , веднаш има побарано да се гласа за доверба на владата, а дригите од крајно левиот и десниот блок побараа оставка на премиерката.

Како и да е, Макрон кој е во својот втор претседателски мандат , сега се соочува со  пад и на неговиот рејтинг. Повеќето весници заобиколувањето на Парламентот го означуваат како „пораз“ на претседателот. Но, проценката е дека тој се има согласено за непопларна мерка во интерес на државата и на иднината на пензиите на милиони Француџи- сегашни и идни пензионери.

Европската јавност не се занимава со францускиот случај, оставајќи им го тоа на  Фрацузите, но антиевропските и анти-ЕУ сили во земјите кои се уште не се во Унијата, како оние од Западен Балкан, побрзаа да му судат на Макрон – за „газење на демократијата“, а на ЕУ за „непринципиелност“.

Споредувајќи ја Франција со она што се случуваше во Грузија и со европската осуда на „Путиновиот закон“ што на мала врата сакаше да го протурка  грузиската антиевропска владеачка коалција. Не сакајќи да видат дека еден крајно недемократски закон кој ги гуши демократските права,  се споредува со потребна реформа од далекусежно значење.

(П.Ф.)

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе