Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Путин во градот што го разори

Путин во градот што го разори

Владимир Путин кој беше на Крим, за да ја одбележи деветата годишнина од окупацијата на полуостровот, под закрила на ноќта (неочекувано) беше во посета и на Мариупол, град на Азовско море , што целосно го има разорено, во текот на жестоката руска офанзива , во мај минатата година, пред неговите војници да го окупираат, а потоа и да го анектираат.

Рускиот претседател е снимен како се шета , како вози автомобил низ разорениот град, што специјално за него беше силно осветелен- таму каде се појавуваше- разговаал со (како што е речено)  жители на улиците и дури посетил (случајно) одбран стан, за да разговара со домаќините.

Но, после ваквата, разноврсна ноќна прошетка, по првата посета на окупираните украински територии од почетокот на војната,  нема дадено никаква изјава.

Пркос и ароганција

Сигурно е само дека посетата, одбрана веднаш по налогот за негово апсење, од страна на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, треба да го покаже неговиот пркос и ароганцијата кон Европа и светот, типична за еден семоќен владар, за да и покаже на меѓународната заедница дека таа е немоќна – да го приведе и предаде на судење.

Од прилогот на државните руски медиуми може да се види дека додека вози низ улиците на целосно разурнатиот Мариупол, Путин зборува со еден од потпретседателите на неговата влада за тоа дека градот ќе биде обновен и ќе изгледа и поубав од порано.

При тоа, како случајно тој има посетено и едно детско игралиште , само 24 часови откакако беше обвинет за депортација на украински деца во Русија. Само од Мариупол  насила се одведени 1000 деца, од над 14.700 деца и возрасни депортирани од Истокот на Украина.

Пропагандна претстава

Но, била посетена и  салата која беше предвидена да биде судница на заробените бранители на градот и на Азовстил- челичарницата , како на „нацистички злосторници“. На сцената  веќе биле поставени кафези за обвинетите и држачи за синџирите во кои требаше да бидат оковани украинските борци. Оваа сала , инаку,  е замена за уништениот театар во градот, во силните ракетирања на зградата, иако Русите знаеја дека во него има цивили кои барале скривалиште. Беа убиени на стотина граѓани.

Таа претстава што сакаше да ја организиаат Путин и Кремљ, меѓутоа, не се случи , затоа што Москва и Киев се согласија за размена на сите „азовци“ , за руските заробеници меѓу кои гланата „ѕверка“ беше путиновиот кумашин , украинскиот тајкун што Киев го обвинуваше за велепредавство, Виктор Мартинчук.

Целата оваа парада во градот што нареди да се разори, доаѓа откако стана јасно  од петокот, дека претседателот на Русија може да биде уапсен во 123 држави во светот, кои се потписнички на на статутот на судот во Хаг.

Осуда од Киев

Европски аналитичари веруваат дека многу од тие земји кои важат за руски сојузнички во агресијата на Москва врз една независна земја, членка на ОН, сепак, нема да го направат тоа доколку Путин, случајно би се нашол на нивната територија.

Германија, на пример, најави дека би го притворила и потоа би го предала на судот во Хаг. Но,  Србија, која е единствената во Европа која нема воведено санкции на Русија за инвазијата, преку изјава на нејзиниот претседател порача дека тоа не би го направила. Руската страна, пак, како што можеше и да се очекува, ги отфрли сите обвинувања на судот, а налогот за апсење го означи како „правно невалиден“.

Официјален Киев, од своја страна,  го осуди доаѓањето на Путин на анектираните територии.

Украинските власти притоа инсистираат дека тој во градот „се вовлекол ноќе, како да е крадец“. Покажувајќи им притоа на сите дека „уште еднаш се има потврдено оти злосторникот се враќа на местото на злосторството“. А, Путин се има вратено, без каење, туку за да им се воодушевува на урнатитините што ги имаат оставено неговите војници.

„Врв на цинизмот на Кремљ“

За советникот на  Володмир Зеленски за безбедност, Михаил Подољак посетата е врв на цинизмот приреден од Кремљ.

Особено што е избрана „ноќна прошетка“ низ градот-гробница за да се потенцира само она што на Путин му е важно, за да нема средби со преостанатото население и за да не се види во каква состојба е оставен овој пристанишен град, после неговото „ослободување“.

Се верува дека целата оваа пропагандна претстава на Кремљ дури и не е направена со одбрани и доверливи луѓе, туку дека станува збор за актери.

Лондонски „Фајненшл Тајмс“ притоа открива дека кога претседателот влегол во еден „случајно одбран стан„ за да се сретне со луѓето кои таму живеат, сликите откриваат дека масата била спремна за пречек на „случајните гости“.

Путин или неговиот двојник ?

Сомнежот дека сето тоа е наместено, за пропагандни цели , се надополни во понеделникот, кога украинската тајна служба објави дека она што на сликите се гледа како  Путин се рашетува низ Мариупол, всушност, не е  тој туку еден од неговите двојници.

На интернет се појавија снимки на „оргиналот“ при неговиот неодамнешен  говор во Москва, и на човекот кој слободно се рашетува низ разорениот град.

Притоа, се посочувана разликите кај брадата и ушите кои ( како што се тврди) не може да се исправат со пластичната операцја која е извршена кај двојниците, но и затоа што на ниту една снимка „Путин“ не зборува. Секаде само ги слуша оние кои му се обраќаат, иако таквите сцени се сосема малку, како  и затоа што нема дадено никаква изјава.

Покрај овие снимки, на социјалните мрежи се појави уште една друга фотографија- од 1941 година, кога и нацистичкиот фирер Адолф Хитлер го има посетено окупираниот  Мариупол, за време на обиколката на источниот фронт во Втората светска војна.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе