Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Бугарија: Три милијарди долари од советско оружје

Бугарија: Три милијарди долари од советско оружје

Во 2022 година , Бугарија има извезено оружје- старо и новопризведено, според стандардите од времето на некогашниот СССР- во износ од над три милијарди долари, открива весникот „Њујорк Тајмс“ повикивајќи се на официјалните владини податоци во Софија. Тоа е дури пет пати повеќе отколку во 2019 година.

Веста за извозниот „бум“ доаѓа откако во кусо време во Бугарија- во местата  Костенец и  Сопот- одново се отворени  за производство на муниција и оружје, одамна затворените фабрики кои не работат уште од 1988 година- од времето на комунизмот, кога Студената војна беше пред крај.

Гранати за украинската војска

Работите темелно се изменија после руската инвазија врз Украина , па потребите од муниција, а посебно од гранати , станаа исклучително значајни за украинската војска, која на почетокот од агресијата имаше само  советско оружје, што и сега, после обемната западна воена помош, се мошне потребни на фронтот, во борбата со руските сили.

Западните земји немаат вакво оружје, затоа што нивните армии се опремени со муниција според стандардите на НАТО, па затоа од почетокот на украинската војна, се настојува да му се помага на Киев со залихите кои ги поседуваат сите источноевропски земји.

Сите сега членки на НАТО и на ЕУ- кои се уште имаат и околопно орудие и артилерија од времето кога- како сојузници на СССР, во тогашниот комунистички Варшавски пакт,- беа вооружувани само со советско оружје и со исто таква муниција.

Активирање на затворените фабрики

Западни воени експерти забележуваат дека со изненадување било примено сознанието дека во тоа мошне активно се има вклучено и Бугарија.

Пред се, затоа што станува збор за земја која се фали со своите „историски врски“ со Русија и која во комунистичките години, беше означувана како најлојалниот и наблискиот сојузник на Москва меѓу сите во Источна Европа.

Уште повеќе што блискоста со Русија ја имаат задржано и сите бугарски посткомунистички влади (освен владата на Кирил Петков), иако земјата стана дел од евро-атланските асоцијации.

Ваквата операција на Западот да и се помага на Украина со дотур на муниција и оружје од времето на СССР, се прави и со други земји, преку разни канали.

Активно е вклучен и еден Луксембург , на пример, иако нема армија, префрлајќи муниција од Полска и Чешка, па потоа БиХ и Србија, која има испраќано проектили преку Турција и Словачка,  Романија, па дури и Британија која се користи како „трета страна“ во помагањето на украинската одбрана.

Истокот го вооружува Киев

Гранатите се мошне потребни, затоа што Украинците дневно трошат по две, до четири илјади гранати, но тоа е многу малку во однос на она што го троши Русија, која во еден период днево трошеше и по 50 илјади гранати.

Во такви услови, одлучено е , со западна финансиска помош, да се ревитализираат и одново да се покренат производните погони од комунистичко време и од времето пред падот на „Железната завеса“- како што е тоа случај со двете фабрики во Бугарија.

Покрај артилериските орудија од западно прозводство, за хаубиците кои и се испорачуваат на украинската војска, што е шест пати повеќе отколку пред руската инвазија од 24 февруари минатата година, украинската одбрана има потреба и од старито советско/руско оружје.

Киев, меѓутоа, има потреба од уште повеќе оружје и муниција, за војната која се продолжи и во оваа година.

Потрага по советска муниција

Во настојувањето на НАТО, ЕУ, САД и Британија, да не се директно конфронтираат со Москва, како и во настојувањето да не дојде до некаква „тотална војна“, западните сојузници се одлучија да не и даваат на Украина авиони.

Но,  затоа две земји- Полска и Словачка- се определија да и префрлат на украинската страна свои авиони од советско производство кои се уште се нивните армии. Полска има дадено – четири, додека Словачка 13 советски „Мигови“.

Еден чешки трговец на оружје, на пример, на Украина и има понудено муниција, но и десетина советски борбени авиони од периодот меѓу 1988 и 1990 година, за 185 милиони долари.

Колку се знае, Британија и САД ги имаат финансирано ваквите операции за воена помош за Украинците, но во тоа се имаат вклучено и други земји од Истокот и Западот на Европа. Не сакаат притоа сите да се  идентификуваат. Како оние кои го испраќаат оружјето и муницијата, а така  и оние преку чија територија се префрлаат ваквите пратки.

Силна „бугарска врска“

Дури и Британија не ги обзнанува ваквите дилови, заштитувајќи ги земјите производители на муниција и оружје кои не сакаат да си имаат проблеми со Русија и нејзинаата агресивност, исполнета со бројни закани – да не и си помага на владата во Киев.

Сепак, беше откриено дека Британците се имаат спогодено со Пакистан за 40 илјади артилериски гранати и ракети што Пакистанците ги произведуваат по советска/руска лиценца. Пратката треба да се испорача преку романски посредник кој се јавува како формален купувач.

„Бугарската врска“ во секој случај,  не е единствена. Пророрускиот сентимент останува во Бугарија, но луѓето во Костенец и Сопот, според сопствено признание , се презадоволни што во нивниоте места се отвораат старите фабрики. Одново  има работа за луѓето, а тоа за нив е најважно.

Русите, пак, во свој стил, се гневни од она што го прави власта во Софија. Засега настрада само Кирил Петков, кој со помош на  проруското друштво во бугарската политика, беше соборен , заедно со неговата прозападна влада.

(С.Г.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе