Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Вартоломеј со осуда за руската црква

Вартоломеј со осуда за руската црква

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја обвини Руската православна црква (РПЦ) дека е виновна за злосторствата во Украина , исто колку и власта на Русија, изразувајќи притоа спремност да им помогне во нивната „духовна обнова“ , по завршувањето на војната.

Со ваквата изјава, Вартоломеј уште еднаш го има прекорено рускиот патријарх Кирил за неговата отворена и силна подршка на инвазијата врз Украина, како и за војната против соседната земја и Украинците, како што тоа го има направено и минатата година.

„Соработка на РПЦ во злосторствата“

„Цровното и државното раководство во Русија соработуваа во злосторничката агресија, па затоа ја делат одговорноста за сите направени злосторства , како што е и шокантното сознание за киднапирање на украинските деца“- има речено православниот поглавар Вартоломеј во Парламентот на Литванија.

Вселенскиот патријарх  ги разгневи Москва и РПЦ, кога во 2019 година одлучи да биде признаена Украинската православна црква, како автокефална, сосема одделена од руската. Во Русија, таквиот чекор беше оценет како „нож во грбот“ на црквата, која ( како и Кремљ) тврди дека Украина е само дел од руската земја, дека Украинците, всушност, се Руси и дека во земјата нема друга црква освен руската православна.

Во таа прилика од Цариград ( Константинолол како што го означува РПЦ) стигна остро обвинување до патријархот Кирил и до целата црква во Русија дека се претвориле во „обичен инструмент на руската власт, за испонување на нејзините стретешки цели“.

Мешање на Кремљ во православието

Таквото обвинување на Вартоломеј не е без основа.

РПЦ е тесно поврзана со Кремљ околу стретегијата на Владимир Путин, руската црква, а не Вселенската патријаршија да станат предводници на сите православни христијани, за да може Москва (Путин) да го има под руска доминација и контрола православните земји и православниот свет.

Како сега стојат работите, повеќето од православците во земјите од Истокот, но и на Западот од Европа, се под директна контрола на РПЦ, а тоа значи и на Кремљ.

Сето тоа предизвика раскол, а РПЦ после давањето автокефалност на украинската православна црква, ги има прекинато сите врски со цариградската патријаршија и со Вартоломеј. На руска страна, колку што се знае, се има определено само српската црква, која исто така ги има замрзнато своите односи со Вселенската патријаршија, во време пред за поглавар на СПЦ да биде избран сегашниот патријарх Порфирије.

Поткопување на единството

Зборувајќи за времето по завршувањето на војната, Вартоломеј има речено дека „меѓуверскиот дијалог ( во православниот свет) ќе мора да се фокусира на давање отпор и на неутрализирање на раководството на ( како што рекол во Литванија) Московската патријаршија, да го продолжи поткопувањето на единството и теолошки да му дава легитимитет на злосторничкото однесување ( на власта)“.

„Цариградската црква- мајка е подготвена да им помогне на своите чеда во Украина и во Русија , исто онака како што тоа го има правено многу пати и во минатото. Наша христијанска должност е да ги вратиме руските браќа и сестри во нашата заедница на заедничките вредности„- рекол вселенскиот патријарх.

Вселенската патријаршија од секогаш е сместена во Цариград, откако е извршена поделбата на христијанството и на неговите верници- на западно католичко и источно православно. Патријархот Вартоломеј е прв меѓу еднаквите во православната црковна хиерархија.  Во светот сега има околу 260 милиони православни христијани.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе