Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Флоријан Бибер: Договорот не е шведска маса

Флоријан Бибер: Договорот не е шведска маса

Договорот од Охрид е сеопфатен и затоа не може да се третира како да е – шведска маса од која може да се земе само она што се сака, а да се одбива се она што не е по вкус- изјави во Белград Флоријан Бибер, професор во Центарот за југоисточни студии при Универзитетот во Грац, инсистирајќи дека договореното мора целосно да се импелементира.

Во разговор за белградската Н-1 телевизија, угледниот експерт кој добро ги познава балканските прилики, рекол дека десетина денови по (успешната) српско-косовска средба меѓу претседателот на Србија и премиерот на Косово, охридскиот договор веќе се соочува со проблеми.

И едната и другата страна,  во Белград и во Приштина, различно го толкуваат она за што, инаку, се имаат согласено и договорено.

Различни толкувања

„Тоа е најголемиот проблем со косовското прашање во сите години откако тоа постои. Изминатите десет години, различни договори меѓу едната и другата страна се соочуваат  со една иста ситуацијата – едната страна документот да го толкува и да зборува дека треба да се спроведе, додека другата, сето тоа да го става под знак  прашање„- рекол Бибер.

Па, и после   Охрид, се почна со добро познатите игри. Белград има свое толкување, околу тоа дали договорот, воопшто, има своја правно обврзувачка сила, оправдувајќи го тоа со отсуството на потписи. Во Приштина, пак,   Заедницата  на српски оптини (ЗСО), која сега е дел и од охридската спогодба, косовскиот премиер ја означува само како Самоуправа на косовските Срби .

Во исто време,  одбивањето на партијата Српска листа да учествува на делумните локални избори на северот од Косово, еднаш одложени за да и се удоволи на српската страна, премиерот на Косово го квалификува како кршење на охридскиот договор од страна на Србија.

Нејасни намерите на Белград

Српска листа, за која се знае дека е под директна контрола на власта во Белград, побрза да одговори, на тој начин што  одбивањето да се пријави за изборите  го оправдува со тоа што ЗСО се уште не е создадена, а тоа во (Косовска) Митровица и во Белград се оценува како непочитување на договореното.

Затоа Флоријан Бибер има речено дека од охридскиот договор на може да се зема само она што некому му одговара- редовно за домашните политички потреби.

„Така не функционира ниту еден договор. Тој мора целосно да се имплементира “- рекол  овој експерт кој му забележува на српскиот претседател што со своите изјави по враќањето од Северна Македонија , станало нејасно дали Србија , навистина, во Охрид го има прифатено анексот на европскиот план за нормализација на меѓусебните односи.

Бибер смета дека доколку вака се продолжи и натаму, одново ќе им кризи, рензии меѓу двете етнички заедници , блокади и меѓусебни обвинувања кои му штетат и на поширокиот регион. Едноставно, смета професорот од Грац, Белград треба да покаже дали навистина има намера да ги исполни договорените ветувања, а дека контроверзните изјави се само за да се смирува домашната јавност.

Атмосфера против нормализацијата

Тој смета дека е претерување тврдењето на српскиот претседател дека е изложен на некаква тортура , како некој го присилува да го прифати она што го предвидува планот на ЕУ за нормализација на односите меѓу двата соседа.

Експертот од Универзитетот во Грац притоа потсетил и на тоа дека кога се зборува за нормализација, не станува збор само за имплементација на анексот од Охрид, туку и за подготвувањето и на двете општества ( српското и косовското) за нормализација и на нивните односи. Она што се случува сега, посебно во Белград, меѓутоа, е далеку од тоа.

И понатаму Косово се третира како „лажна држава“ , а сите Албанци се прикажуваат како „зло и како терористи“. Нема никаков знак во Белград за менување на наративот кон соседот со кого треба да се градат нормални односи.

Според Бибер, на тој начин, во Србија  и натаму се создава атмосфера против нормализацијата , за што овој  овој експерт смета дека е виновна актуелната власт. Таа  десет години подгрева една таква атмосфера преку провладините медиуми, иако се знае дека ситуацијата на теренот, во врска со оваа нова балканска политичка реалност, не може да се промени.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе