Најбогат Луксембург, најсиромашна Бугарија
Податоците на Евростат за висината на Бруто националниот производ (БНП) на секоја од земјите на ЕУ, во 2022 година, од што се извлекуваат и податоците за куповната моќ на луѓето, покажуваат дека највисок стандард и најголема куповна моќ има населението во најмалата членка од западниот дел на Европа – Луксембург.
Населението на малото кнежевство (од нешто над 600 илјади луѓе) во минатата година имале стандард што е за 260 отсто повисок од просекот на целата Европска Унија. Во истата таа година, на дното на скалата од 27 земји, е Бугарија. Нејзиното население имало стандард кој е за 59 отсто понизок од просекот што го има целата Унија.
Ирска пред најголемите во ЕУ
Ваквото рангирање не претставува изненадување, затоа што и во претходните години, Луксембург се означува како најбогатата европска држава ( секако сметано според бројот на нејзиното население), а Бугарија која од јануари 2007 година е во ЕУ, важи за најмалку развиената и најмалку богатата земја-членка .
Оваа балканска држава, единствена заостанува во својот развој меѓу оние од Истокот, примени во мај 2004 година, па сега е рангирана и зад Романија, со која заедно влезе во Унјата и зад Хрватска која е последната новопримена членка, во 2013 година.
Внимание во ваквото рангирање, сепак, повеќе привлекува второто место на Република Ирска, што сега е веднаш зад Луксембург, а пред „големите и моќните “ во ЕУ (Франција, Германија, Шпанија).
Некогаш сиромашната европска, островска земја, позната како најголем „извозник“ на мигранти во Европа ( главно во САД и Канада) и силно неразвиена пред влегувањето ва ЕУ (тогашната ЕЕЗ), во седумдесетите години на 20 век, сега е второ рангирана, според стандардот на луѓето и нивната куповна моќ.
Ирците во Републиката имаат животен стандард кој е за 134 отсто над просекот на ЕУ, покажувајќи на тој начин. колкаво големо влијание врз развојот, богатството и стандардот на земјата и нејзите луѓе има извршено влегувањето во Унијата во 1973 година.
Хрватскиот успех и бугарскиот пад
Ваквата разврска предивика, во 2022 година, богатите и високо развиени земји, какви што се Холандија, Белгија, Австрија и Данска, во минатата година, солидно да заостануваат според стандардот на луѓето , во споредба со една Ирска.
Франција, на пример, која е втората по моќ економија во Европа ( зад Германија), според животниот стандард се наоѓа на 50 отсто над просекот на ЕУ.
При дното, над последно рангираната Бугарија, се наоѓа Словачка, уште една од поранешните комунистички држави- сателити на екс СССР, која сега е дел од ЕУ. Но, таму е сместена и една Грција, иако и едната и другата земја се подобри по овие параметри во споредба со бугарската позиција, на една ваква скала на Евростат.
Подобри од овие две земји, со повисок стандард и куповна моќ ( гледано од одоздола, па нагоре) се рангирани Хрватска, па потоа Летонија и Романија, како и Португалија. Станува збор за уште една сиромашна земја во шеесетите години на 20 век ( како и Ирска), која максимално го има искористено членството во ЕУ, за својот забрзан економски и општествен развој.