Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Руски пари „испрани“ во Швајцарија

Руски пари „испрани“ во Швајцарија

Четворица поранешни функционери на филијалата на руската „Гаспромбанка“, стационирана во Цирих, се осудени од суд во Швајцарија, затоа што со своето нереагирање и неспроведување на законите му помогнале на рускиот музичар Сергеј Ролдугин да „пере“ пари. Швајцарското обвинителство верува дека станува збор за пари на рускиот претседател.

Во прашање се 50 милиони долари кои биле ставани на сметката ( на музичарот) во оваа банка, во периодот меѓу 2014 и 2016 година, без да се има некакво објаснување од каде доаѓа и од каде потекнуваат парите.

Пријателот на Путин

Во тоа време Ролдугин бил познат само како виолончелист , со солидни примања, но ниту од далеку толку високи за да може , на сметка во банка, да има педесетина милиони долари. Особено што се знае дека немал никаков друг бизнис, освен музиката и настапувањето како виолончелист.

Но,  се верува дека се знаело и тоа  оти Ролдугин е близок пријател на Владимир Путин. Швајцарските медиуми уште  тврдат дека музичарот бил и кум на една од ќерките на рускиот претседател.

Случајот  затоа добива и друга димензија и сосема друга тежина, особено  што според швајцарските закони , банкарите  се должни да одбијат сметка, или дури и да ја затворат, доколку се сомневаат во нејзиниот сопственик , или се сомневаат во потеклото на парите.

Обвинителството ја брани својата позиција дека банкарските функционери  во Цирих морале да бидат внимателни , бидејќи во овој случај, носител на сметката е лице кое не може да има толку големи пари, а е политички експонирано- како близок пријател на Путин.

„Панамските документи“

За него и порано, а и сега се верува дека има вложувано пари во Швајцарија, по нелегалната анексија на Крим, во март 2014 година и по воведените санкции кон Русија.

Во едни такви услови, појавувањето на музчичарот Ролдугин , со парите кои ги има внесувано на „својата“ сметка, морало да ја алармира банката, а таа воопшто нема реагирано, помагајќи на тој начин да се “исперат“ руски пари со непознато потекло.

Случајот со „виолончелистот на Путин“  го немааат откриено ниту банката, а ниту швајцарската финансиска контрола, која инаку би требало да биде мошне строга по ова прашање, туку новинарите.

Станува збор за бројна екипа, а меѓу нив и репортерите на Би-Би-Си, кои биле дел од широката меѓународна (новинарска)  истрага , откако во јавноста „истекоа“ податоците за т.н. „Панамски документи“.

Откриено уште во 2016 година

Оваа новинарска истрага, што ја има покренато меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство,  уште во 2016 година, дека рускиот музичар Ролдугин поседува оф-шор компанија  чија вредност се проценува на неколку стотици милиони долари.

Дури сега, после седум години, е направена некаква правна разврска, но само како одговорност за неспроведување на швајцарските закони за контролата на парите кои влегуваат во банките на Швајцарија.

Локалните весници го нарекуваат виолончелистот и кумашин на рускиот претседател – „Портмонето на Путин“ – зато што овој човек, преку лаѓни компании, повеќето стационирани на Кипар и во Панама, ги канализирал, ги распределувал и на тој начин ги има „испрано“ руските сомнителни пари до „Газпромбанката“ во Цирих.

Банката во Цирих, во меѓувреме, е затворена, а Сергеј Ролдугин е на швајцарската листа на санкционирани руски државјани,

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе