Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

(Само)убиството на полковникот Лисицки

(Само)убиството на полковникот Лисицки

Во својот дом во Севастопол, на полуостровот Крим, е откриено безживотното тело на Дмитри Лисицки, еден од комадантите на руската војска, ангажирана во воените операции во Источна Украина, уште од  првата инвзија на Русија , во април 2014 година. Телото било најдено во кујната, а покрај него полицијата ја открила и неговата ловечка пушка.

Полициските и истражните власти, брзо ја затвориле истрагата, заклучувајќи дека воениот командант, инаку полковник по чин, во состојба на депресија, си го одзел животот. Не се дадени никакви други детали, ниту има било какви сознанија за инцидентот. Затоа и целиот овој случај веднаш е ставен како уште  еден од бројните мистериозни смртни случаи кои се регистрини во изминатите месеци, од почнувањето на инвазијата врз Украина.

Смрта на „Херојот на Русија“

Некои од руските медиуми само  имаат пренесено изјави на негови колеги- воени старешини , за тоа дека – „ во последно време бил многу потиштен“. Наводно, бил остро критикуван за неговите „нелегални потези против воениот персонал, во текот на воените операции на украинска територија“. Но, нема прецизирано за какви забелешки и критики станува збор.

Она што се знае, од порано, е дека полкот со кој командувал Лисицки има претрпено тешки загуби во луѓе и техника, во времето кога руската страна беше принудена да се повлече од реонот на Харков, второт град по големина во Украина.

Лисицки, во секој случај, не е обичен воен старешина и полковник на руската војска.

Одликуван е со низа воени одликувања , дури и со орденот „Херој на Русија“ , како командант на првата десантна единица во рамките на 247 полк , за војувањето во источните украински делови од пред девет години. Откако од Москва беше покренат сепаратистичкиот бунт во Луганск и Донецк , во кој набргу се приклучија и делови од руската војска, за кои се зборуваше  како за „доброволци“.

„Иловајскиот котел“

Украинците, меѓутоа, ја отфрлаат службената , руска верзија за смрта на Лисицки, тврдејќи дека не станува збор за самоубиство на полковникот, туку за „одмазда  за колежот на  украинските војници и патриоти , брутално ликвидирани при нивното повлекување од т.н. „Иловајски котел“, во 2014 година.

Според оваа верзија што ја пренесоа повеќе европски медиуми, станува збор за брутален колеж со кој командувал токму Лисицки. Властите во Киев од порано тврдат дека неговата воена единица ги нападнала украинските војници , во време додека на сила веќе бил договорениот прекин на огнот (  „Минск 1“меѓу Русија и Украина, за кој посредуваа  Германија и Франција).

За полковникот се тврди дека наредил да се пука по Украинците кога тие излегле од својата дотогашна позиција и  се нашле на отворен простор, на кој ниту можеле , а ниту имало каде да се засолнат. Во колежот се убиени 366 војници и доброволци, ранети  се околу 400,  а други 300 биле заробени, при што Лисицки го има направено она што според договорот не смеел да го направи.

Погазен  договорот„Минск 1“

Во август 2014 година, украинската војска има навлезено во градот Иловајск, но брзо биле фатена во опкружување  од посилните и побројни бунтовнички и руски сили. И во таква ситуација,  Украинците, не ја прифаќаат понудата од сепаратистите – да им се обезбеди „хуманитарен коридор“ , доколку го предадат оружјето.

После постигнатото примирје, пред крајот на август, војската почнале да се повлекува од своите позиции, заедно  со своето оружје. Но, на нив тогаш  бил отворен жесток оган од руските војници и од вооружените сепаратисти. Наредбата за тоа ја има издадено полковникот Дмитри Лисицки.

Украинската страна, подоцна, има отворено своја истрага за „Иловајскиот котел“ – за пропустите на своите воени и безбедносни старешини . Но таква истрага за убиството на војниците при повлекување и тоа во услови на договор за примирје, другата страна никогаш нема направено. Намести тоа, Владимир Путин во 2015 година го има одликувано Лисицки.

Во Киев сега се тврди дека таа руска злогласна воена единица е виновна и за злосторството, сторено во Буча, на почетокот од инвазијата. Но, Украинците велат дека целата единица  е комплатно уништена во текот на борбите во украинската офанзива кај Хершон.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе