Косово пред членство во Советот на Европа
Косово направи значаен чекор кон своето приклучување во Советот на Европа (СЕ) и покрај острото спротивставување на Србија, откако Комитетот на министрите на организацијата даде „зелено светло“ за косовската апликација за СЕ и тоа свое мислење му го пренесе на Парламентарното собрание.
Оваа поранешна југословенска и српска покраина која од 2008 година е независна држава, која се уште не е примена во главните меѓународни организации, со добиената подршка од над две третини од членките на Советот на Европа, практично, сега е пред зачленувањето. Сепак, сосема е незвесно кога би можело да биде донесена конечната одлука за прием.
Советот на Европа е меѓународна организација создадена после Втората светска војна за заштита на човековите права, демократијата и на владеењето на правото.
Србија против приемот
Пред седницата на Комитетот на министрите, Србија соопшти дека нема да даде подршка на косовската апликација за СЕ, но 33 држави-членки гласаа за приемот на Косово. Против беа Унгарија која, инаку, го има признаено Косово како независна држава, потоа Азербејџан и Грузија , како и Романија, Шпанија и Полска, три земји од ЕУ кои се уште не ја имаат признаено косовската независност, секоја од свои внатрешно-политички причини.
Грција и Словачка кои исто така (засега) се држат за почетната позиција – да не се признава независно Косово- овој пат, останаа воздржани, што се означува како благо менување на нивната позиција и како навестување за можна промена на ставот. Покрај нив и Босна и Херцеговина, Ерменија, како и Украина беа воздржани при гласањето.
Грчкиот претставник во СЕ изјави по гласањето дека Западен Балкан и понатану има потенцијални да се запали и да создаде одново криза која Грција не сака да се случи. Затоа, Атина верува дека француско-германскиот план за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е единственото решение преку кое може да се дојде до компромис.
Грција и Словачка – воздржани
На слична позиција е и Британија, која сега не е во ЕУ, но официјален Лондон го подржува членството на Косово во СЕ.
Според британскиот претставник, Косово не смее да остане заложник на напредокот во преговорите меѓу Србија и Косово ( за нормализацијата), како и тоа дека Советот на Европа и примањето нови членови треба да се оддели од ЕУ и нејзиниот процес на проширување.
Косово, од своја страна, воодушевено го има примено гласањето означувајќи го „историски момент“ , со кој е завршена првата фаза кон полноправното членство.
Но, во Приштина се осудува -како што се вели – српското однесување кое е спротивно на Бриселската спогодба и на договорот од Охрид. Косовската страна обвинува дека Белгард на два пати ги има прекршено овие документи на кои се има обврзано.
Прекршени договорите од Брисел и Охрид
Прво со директното мешање во изборите и во гласањето во четирите (српски) општини на косовскиот Север , барајќи од косовските Срби да го бојкотираат изборниот процесм , а потоа и со настојувањето да ја блокира апликацијата на Косово за СЕ, лобирајќи на сите страни, за тоа како да гласаат земјите-членки.
Според член 5 од европскиот предлог (за нормализација) – ниту една од страните нема да го блокира, или да потинува други да го блокираат зачленувањето во меѓународни организации, па затоа косовската страна инсистира дека гласањето против апликацијата и против приемот на Косово во СЕ е во спротивниост на она за што Србија се има обрзано во Брисел и во Охрид.
Советот на Европа и самиот појасни дека ставањето на косовското барање за членство, на гласање, е во склад на претходната согласност на европскиот план за нормализација на односите меѓу Србија и Косово и на согласноста и усвојувањето на анексот во Охрид.
Унгарија како Русија
Во меѓувреме, Унгарија која сега, во отсуство на Русија во СЕ, која самата се повлече од членство, незадоволна од осудувањето на руската инвазија врз Украина, ја презеде улогата на српски адвокат, предупреди дека доколку на Самитот на СЕ кон средината на мај во Рејкјавик , се постави темата за гласање за членство на Косово, „добар дел земји членки нема да присуствуваат“. Мислејќи притоа на себе, пред се, и на 12 држави кои го немаат признаено Косово.
Ваквата реакција се смета како пример за закана, во српски стил, бидејќи се знае дека косовското прашање не е предвидено за Самитот во Исланд. Но, за СЕ нема ништо спорно во гласањето од понеделникот, бидејќи апликацијата на Косово е во Советот подолго време. Станува збор само за една од фазите во постапката за преим.
Србија, сепак, остро реагираше на изјаснувањњето на земјите членки и по гласањето, нејзината делегација веднаш ја има напуштено седницата. Српскиот претставник, притоа, има изјавено дека Белград – „ќе го преиспита моделот за натамошно членство во Советот на Европа“.