Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

„Вагнер„ и Москва замешани и во Судан

„Вагнер„ и Москва замешани и во Судан

Владимир Путин не ќе може да го оствари својот сон- да го обнови некогашниот СССР – што се обидува да го постигне со приграбувањето на Белорусија и со војната за покорување на Украина, како и со дестабилизацијата на Грузија и Молдавија, но успева, успешно,  да го  копира времето на  Советскиот Сојуз и неговата политика- кон Африка.

Станува збор, пред се, за времето на семоќниот лидер на КПСС Леонид Брежнев , кога Русите беа вклучени во речиси сите воено-политички кризи на „Црниот континент“- доставувајќи оружје, единственото нешто што можеа да дадат- многу често на сите  завојувани страни- одржувајќи ја на тој начин кризата што е можно подолго.

Нешто слично се случува и сега , во времето на длабоката и опасна ( за Африка) политичко- воената криза во Судан, некогаш најголемата африканска земја, во која двајца генерали се борат за превласт. Едниот е шефот на суданските воени сили и воен лидер на земјата Абдел Фатах ал Бурхан, а другиот е предводник на бутовничките сили на РСФ , Мохамед Хамдаи Дагал.

Руски гранати и ракети за РСФ

Во нивните борби за контрола на војската и земјата , досега, се убени безмалку 500 цивили , илјадници  други се раселени бегајќи од воените судирања, додека странците од разни земји, панично го напуштаат Судан.

Обидите  да се обезбеди барем привремен  прекин на огнот, не успваат , затоа што и покрај тоа што изминатите денови беше објавено дека двете страни се согласиле за тоа- борбите продолжија со несмалена жестина.

Но, затоа се откри дека руската платеничка група „Вагнер“ подржана и потикнувана од Москва, ги снабдува со гранати и ракети силите на РСФ ( судански сили за брза интервенција).

Дипломатски извори од Картум и од соседството, за Си-Ен-Ен изјавиле дека ракети земја-воздух Русите префрлаат за бунтовниците , за што се вели дека постојат и сателитски снимки од граничниот реон на суданско-либиската граница , што е под контрола на либискиот бунтовнички генерал Калифа Хафтар.

Сојузништво со либискиот бунтовник

За него се знае дека неговата војска ( која настојува да ја преземе контролата во Либија) од порано соработува со приватната војска на Евгениј Пригожин која е вклучена во сириската гражанска војна, но и во сите кризи во Африка- од Либија и Мали, преку Чад, до Буркина Фасо и централна Африка.

Во еден период, „Вагнер“ беше директно вклучен во судирањата во Либија, на страната на Хафтар.

На територијата што хафтаровите сили ја контролираат во Либија, Русија и „Вегнер“ имаат изградено свои бази од каде полетуваат и слетуваат руски воени транспортертери и доставуваат оружје за суданските бунтовници на генералот Дагал

Неговиот судир со генеалот Бурхан започна откако тие двајцата не можеа да се согласат за тоа кој да да има превласт во преговорите околу враќање на цивилната власт во Судан. Во нивната борба за превласт, брзо се вклучија „вагнеровци“ и Москва .

Руски човек во Картум

Сателитските снимки откриваат како руски транспортни воени авиони летаат меѓу двете руски бази во Сирија (реонот на Латакија) и двете бази на  генерал Хафтар , на либиска територија,  што „Вагнер“ ги има како свои.

Според изворите на кои се повикуваат западните медиуми, овој либиски генерал, едно време близок соработник на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, ги подржува суданските сили на РСФ, а се смета дека „сосема блиску до едно такво определување“ е и Москва која би сакала победа на бунтовничкиот генерал во Судан.

Бунтовникот Дагала и онака важи за „руски човек“ во Судан и неговата политика. Тој од Русија има примено ( и порано) оружје, муниција , но и обука за неговите сили.

Западни разузнавачки агенции имаат утврдено дека во текот на 2022 година ( во екот на војната по агресијата врз Украина) силно била ззасилена оваа суданска врска со Москва , што и овозможува на Русија слободен пристап до златното богатство на оваа африканска земја. Со ова злато, Суданската воена власт ја плаќа големата воена испорака од Русија и нејзината политичка подршка за суданскиот воен режим.

Помош  платена со злато

Првите посилни врски на Москва и Картум се забележани по првата руска агресија на Украина и анексијата на Крим во полета 2014 година. Тоа е времето кога Кремљ и Москва тргнаа во лов на африканското злато , како начин да се одбегнат и заобиколат меѓународните санкции  воведени за Русија.

Инвазијата од февруари 2022 година, само го има засилено тоа сојузништво од интерес. Сега суданските златни резерви на Москва и се потребни за да дојде до пари, како замена за сите блокирани средства во меѓународните банки  и за да и се обезбеди нова работа на платеничката војска на Пригожин.

Само еден ден пред инвазијата врз Украина, сегашниот генерал- бунтовник беше во посета на Москва. Но и генералот Бурхан има одобивано и оруѓје и помош од Русите. Во еден период кога беа блиски, тие двајцата , во 2019 и во 2021 година, ги предводеа државните удари во Судан.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе