Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Србија со најмногу лично оружје во Европа

Србија со најмногу лично оружје во Европа

Република Србија е прва во Европа според бројот на огнено, лично оружје што ги имаат нејзините граѓани- покажува истражувањето на агенцијата за ваков вид вооружување. Дури 39,2 парчиња на 100 луѓе кои живеат во државата.

На прво место во светот е САД, на второ е Јемен, додека на третата позиција на оваа „црна листа“ е малечката Црна Гора  со 39,1 парчиња лесно огнено оружје ( главно пиштоли) на 100 лица.

Осум пати повеќе од Британија

Ваквата анализа стана достапна по масовното убиство во Белград, што се случи во средата наутро, на 3 мај, кога еден малолетник кој се уште нема 14 години, со пиштолите на неговиот татко, уби девет лица. Осум од жртвите беа негови врсници или и помлади- сите  ученици во белградско  основно училиште во кое и тој бил ученик.

Истражувањто за бројот на лесно оружје што се наоѓа во посед на српските граѓани открива дека во земја како Србија, во која според најновиот попис има 6,6 милиони жители, има дури 2,7 милиони парчиња оружје кои се во рацете на цивили. На тоа треба да се додадат и други 1,5 милиони парчиња кои не се регистрирани, а за кои се знае дека се по српските куќи и станови.

Британскиот Би-Би-Си , анализирајќи ја ваквата ситуација со личната вооруженост на српските граѓани, има напишано дека Србија има дури ОСУМ ПАТИ повеќе вакво оружје во приватни раце во споредба со бројката за Англија, Велс и Шкотска и четири пати повеќе од сознанијата за поседувањњто лично оружје во Северна Ирска, када 35 години ( до 1998 година) беснееше граѓанска војна.

Многу оружје на Балканот

Велика Британија, во секој случај, е при дното на европските земји кога станува збор за поседувањето лесно оружје во приватни раце. Франција и Германија со 20 парчиња на 100 лица се пред Британците, но зад некои од нордиските земји. Таа  бројка е многу поголема   во Финска – 32,4 и во  Норвешка- 28,8 парчиња.

Кога станува збор на Балканот и посебно на просторот на некогашната СФРЈ која се распадна после неколку годшни крвави воени судирања, истражувањата покажуваат дека и натаму во приватни раце- што легално, а што нелегално има многу од ваквото оружје.

Во Босна и Херцеговина 31, 2 на 100 лица, во Косово 23,8 во Македонија 29,8 во Словенија 15,6 додека во Хрватска 13,7 парчиња лесно оружје на 100 лица.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе