Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Вагнер„ се повлекува од Бахмут ?

„Вагнер„ се повлекува од Бахмут ?

Лидерот на руската платеничката војска „Вагнер“ која како сама да војува во Источна Украина, Евгениј Пригожин одново предизвика бранување во Русија, најавувајќи дека во среда, на 10 мај, „вагнеровци“ се повлеуваат од Бахмут, затоа што руското министерство за одбрана не му праќа муниција.

Според Пригожин, резервите со разна муниција на припадниците на оваа паравоена група се доведени сосема при крај, уште во текот на април, што предизвикува бројот на жрвите на платеничката војска да бидат – како што самиот има речено – огромни.

Критики за Шојгу и за Герасимов

„Се повлекуваме од Бахмут затоа што нашите сили се оставени без муниција и без оружје. Остевени сме да се снаоѓаме во една бесмислена ситуација за луѓето да одат во бесмислена смрт. Затоа, позициите шти ги држат борците на „Вагнер“ ќе им ги оставиме на припадниците на единиците кои се под контрола на министерството за одбрана“- има гневно речено Пригожин во една снимена изјава.

Таквото свое  однесување Пригожин , за кого се тврди дека е близок до Кремљ и до Владимир Путин, го објаснува со – „зависта и личната нетрпеливост (на врвот на министерството)  кон лидерот на војската платеници.

„Завист и нетрпеливост“

Пред два месеци, тој отворено изјави дека „стравува оти Кремљ ќе ги остави „вагнеровци“ на цедило , додека тој ги испраќа своите најдобри единици да војуваат на фронтот во Бахмут, каде веќе подолго време се водат тешки борби со украинските сили.

Според воени аналитичари, во случајов Пригожин е во право. Платениците го издржуваат на себе целиот удар на Украинците, трпејќи огромни загуби , оставени на линијата од фронтот без доволно оружје, а посебно без муниција.

Факт е, меѓутоа,  дека лидерот на „вагнеровци“ е постојано „гладен за публицитет“ па  преку својата служба за пропаганда постојано е присутен во јавноста . На пример, пред една недела има дадено изјава дека ќе го прекине артилерсикиот оган кај Бахмут за да може „американските новинари да ја сликаат ситуацијата во реонот на тамошниот фронт“. Следниот ден даде друга изјава – дека само се шегувал.

Лажен напад врз Кремљ

Затоа, многумина посматрачи на војната во Украина се внимателни со изјавите на Пригожин и со оваа негова најнова закана- упатена до Москва- дека ќе ги повлече своите борбени единици од фронот што го држи во тој дел на источна Украина.

Оваа  изјава доаѓа пред одржувањето на воената парада во Москва, по повод рускиот ден на победата над нацизмот во Втората светска војна, закажана за 9 мај.  Таа пак треба да се одржи само неколку денови по- како што се покажа- сосема лажниот и наместен „напад“ од Украинци, со дрон- врз Кремљ (!?) во кој, инаку, немаше ниту материјална штета , а  ниту повредени.

Но, руската пропаганда побрза да објасни дека „Путин  не бил повреден и дека не бил ниту изложен на заканата да биде повреден, затоа што не бил во Кремљ“.

Целта очигледно беше да се обвинат властите во Киев дека ја напаѓаат територијата на Русија, дури и во Москва и Кремљ, како и да им се напакости на Американците кои се третираат како „дежурни виновници“ за сите маки и за неуспесите што ги трпи руската страна од почетокот на инвазијата.

Гневна реакција

Дури и по цена да се излезе смешен со ваквото тврдење за напад врз Кремљ, зашто дури и да е така, тоа би значело само  срамота и понижување за руската војска и за целиот руски одбранбен систем, затоа што се дозволило дрон од Украина да лета слободно, над 600 км. над руската територија , се до Москва, без да биде забележан и  соборен.

Пригожин не  се занимава со овој настан, но затоа вели дека со повлекувањето ќе чека, Русија и Путин да ја направат парадата, а дека следниот ден ќе се повлече од фронтот. Тој сега вели дека не може повеќе да поднесува да биде игнориран од министерството за одбрана и од министерот Шојгу, или од началникот на генерал-штабот на руската армија кои одбиваат да му дадат муниција.

„Моите луѓе секој ден гинат за вас , дојдени на фронтот како доброволци,  додека тие во министертвото  се дебелеат, седнати удобно во своите скапи кабинети“- гневно има речено Евгениј Пригожин.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе