Москва: Налог за апсење на американски сенатор
Руските власти издадоа налог за апсење на американскиот сенатор Линдзи Греам, за наводно сторена „тешка навреда “ кон Русите, која всушност , не постои таква како што руската страна ја има прикажано , затоа што претставува само намонтирана видео снимка.
Во верзијата на руската воена и политичка пропаганда се тврди дека сенаторот дал изјава во Киев во која го „велича убивањето и смрта на руските војници“- испратени во Украина.
Во изјавата на Греам , онаа вистинската, дадена по неговата средба и разговорите со украинскиот претседател Волордимир Зеленски, меѓутоа, нема ништо од величањето на убивањето и во неа руските војници не се ниту споменуваат.
Намонтирана и лажна изјава
Сенаторот Греам има речено дека „парите што Америка досега ги има доделено ( како помош за Украина) се најдобро потрошените и претставуваат вносно вложување“ . Во изјавата не се споменуваат ниту Русија, а ниту Русите.
Во својата прва реакција по соопштението на руското Министерство за внатрешни работи, тој има речено дека ќе продолжи да ја подржува украинската борба и украинската слобода- се додека руските војници не бидат протерани од украинската територија.
Тој притоа, на Твитер има напишано дека токму налогот за апсење покажува дека бил во право кога има зборувано за воените злосторства на путиновиот режим.
Портпаролот на Кремљ, од своја страна , ја има дозапалено приказната, со својот коментар за тоа дека – „тешко можел да замисли оти еден американски сенатор ќе зборува на овој начин“ – (бранејќи ја како вистинита намонтираната верзија на изјавата на Американецот).
Москва останува на својата верзија
Дмитри Песков и Москва, притоа, одбиваат да ја прифатат вистинската верзија на изјавата што официјален Киев, одново, ја емитираше- тврдејќи дека таа е „лажна“ за да се оправдал сенаторот.
Се смета дека целата оваа работа е намонтирана така што на оригиналната, од која се извлечени само некои делови, е внесена, една негова претходна изјава за храброста на Украинците и за нивната решеност да ја бранат својата земја.
Во таа прилика, Греам има речено дека по инвазијата – „многумина веруваа дека Украина нема да издржи повеќе од три денови, или дури и дека нема да преживее. Но, тоа не се случи и сега светот гледа како гинат руските војници“.
Линдзи Греам (67) инаку, од порано е познат како остар критичар на рускиот претседател и тоа е посебно изразено по инвазијата од пред 15 месеци.
Линдзи е сојузник на Трамп
Но, тој е и близок сојузник и пријател со претходниот претседател на САД, Доналд Трамп кој важи за пријател и над се за почитувач на Владимир Путин. Трамп ја нема осудено ниту инвазијата, а ниту војната . Напротив, сега зборува дека доколку одново стане претседател- ќе ја заврши војната за 24 часови.
Руската реакција и издавањето налог за апсење за еден сенатор во САД, уште врз лажно обвинување, намонтирано за пропаганцни цели, во европската јавност се означува како знак дека „во Кремљ веќе збудалуваат“ и дека хистеријата која ја шират државните медими и ТВ станици го има опфатено и врвот на државата.
Воено хушкачката телевизија „Раша Тудеј“ , преку коментарот на главната уредничка Маргарита Симонијан, бара Греам да биде ликвидиран.
Нејзиниот колега од државната телевизија Владимир Соловјев, во тој стил, Американците ги обвинува дека се „нацистички ѕверови кои подржуваат нацизам“ ( во Украина) , како што (наводно) го подржувале нацизмот и во Германија ( на почеокот од Втората светска војна).