И Мајк Пенс против Трамп
Мајк Пенс, поранешниот потпретседател на САД во администрацијата на Доналд Трамп, влезе во изборната трака за номинацијата на Републиканската партија, за изборите во ноември 2024 година, со започнување на својата кампања од конзервативната американска сојузна држава Ајова.
На тој начин, Пенс е првиот поранешен потпретседател , во поновата историја на Америка, кој во битката за номинација ќе му се спротивстави на поранешниот претседател со кого во 2016 година (заедно) го имаат освоено мандатот за влез во Белата куќа.
Американските потпретседатели често во минатото ги имаат наследувано на претседателската функција своите шефови – ( Линдон Џонсон го наследи Џон Кенеди по атентатот во 1963 година, во кој претседателот беше убиен), или Џералд Форд (дојде на претседателската функција откако Ричард Никсон поднесе оставка, поради аферата „Вотергејт“).
Но, ова е прв пат во трката за Белата куќа, спротивставени, да се најдат поранешниот шеф на државата и неговиот тогашен потпретседател- овој пат како лути политички противници.
Пристоен републиканец
Домашните аналитичари кои на влегувањето на Пенс во изборната трка посветуваат големо внимание, велат дека кампањата ќе покаже колку републиканските гласачи му се наклонети на поранешниот втор човек во администрацијата.
За него се зборува како за социјален конзервативец, пристоен републиканец, политичар без скандали и религиозен човек, што го прави сосема различен од Трамп кој на Америка и го наметна популизмот, опкружен со бројните скандали- во приватниот живот и во политиката- што го одбележија времето на Трамп и што и сега го следат.
Освен тоа, пенсовата кандидатура ќе покаже и дали овој некогашни конгресмен и сенатор има политичка иднина. Најмногу затоа што не мал дел од традиционалните гласачи на републиканците веруваат дека изборите во 2020 година „биле украдени и фалсификувани“, подржувајќи ја измислената приказна на Трамп дека тој победил, а не Џо Бајден. На Пенс овие му замераат што ја спречил „измамата“ иако можел тоа да го направи.
„Предавник“ и спасител
На друга страна, демократите и критичарите на администрацијата на САД од времето кога Трамп и тој ја предводеа и натаму сметаат дека Пенс бил соучесник во сите потези на екс претѕседателот кои предизвикаа земјата и американското општество да бидат поделени како никогаш досега.
Тврдите „трамповци“ меѓутоа, на Пенс гледаат како на „предавник“ кој не застанл во одбрана на својот шеф, во недокажаните тврдења за тоа дека му била „украдена изборната победа“ . Наместо тоа , ги има осудено настаните од 6 јануари 2021 година и обидот на Трамп да изврши пуч , за да се спречи инаугурацијата на новоизбраниот претседател.
Независните посматрачи, сепак, сметаат дека државничкото и вистински патриотското однесување на тогашниот потпретседател ја има спасено американската демократија и верувањето во правото и правниот поредок што Трамп, со своето неодговорно и опасно за демократијата однесувцање, беше на работо целосно да го разурне.
Пенс како Реган?
Пенс дозволи Конгресот да ги поризнае и прифати изборните резултати , а потоа објави дека ќе присуствува на инаугурацијата на Бајден, од која Трамп побегна- не прифачајки го уверливиот изборен пораз.
Засега тоа малку влијае врз трамповите подржувачи и врз оној дел од републиканскиот блок во јавниоста кој е исполет со тврд конзеравативизам, расистички настоен, анти имигрантски определен.
Околу 45 отсто од републиканците изјавуваат дека не би го подржале Пенс. Околу 20 така се определиле кога станува збор за Трамп. Сепак, се смета дека тоа не мора ништо да значи при конечното разместување на кандидатите за номинацијата во следната година.
Голем број републикански гласачи сметаат дека на партијата сега и треба човек ( каков што е Пенс) за санирање на нејзината нарушена стабилност и за враќење на времето на умереноста од годините кога Роналд Реган беше претседател.