Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Никола Старџен уапсена за корупција

Никола Старџен уапсена за корупција

Поранешниот прв министер на Шкотска и лидер на Шкотската национална партија (СНП) Никола Старџен (52)  беше уапсена, под сомнение за корупција. После долгото испитување во полицијата, за кое се вели дека траело повеќе од седум часови, таа е ослободена – без да биде подигнато обвинување.

Медиумите јавуваат дека  доскорешната популарна и угледна шкотска политичарка е притворена како една од осомничените во врска со случајот околу финансирањето и партиските финансии  на СНП.

Нејзиниот сопруг Питер Марел кој е во центарот на оваа афера, беше уапсен во април годинава, а по испрашувањето пуштен од притвор без обвинување- како што е речено-  се додека не заврши целата истрага. Марел е поранешен висок функционер на СНП, задолжен за финансиите во партијата.

Исчезнати 600 илјади фунти

Полицијата истражува што се случило со 600 илјади фунти, износ што во текот на 2017 година го имаат собрано активистите на оваа партија, за потребите на активностите за да се избори  независноста на Шкотска за што СНП силно се залага. Беше одржан и референдум во 2014, на кој Шкотланѓаните се изјаснуваа за отцепување , но мнозинството се определи за останување во рамките на Обединетото кралство.

Партијата и оние кои се залагаат за враќање на шкотската независност , меѓутоа, не се откажуваат од идејата и основната заложба на СНП – за отцепување од Велика Британија.

Како лидер на партијата и прв министер Стрџен за оваа година, за крајот на октомври најавуваше втор референдум , за кој таа и нејзината влада, сепак,  не успеаја да ја добијат согласноста од владата на Британија во Лондон.

И Борис Џонсон и неговата наследничка Лиз Трас, а и актуелниот премиер Риши Сунак се спротивставија на втор референдум за независност на Шкотска .

Ладење за отцепувањето од Британија

Објаснувањето за тоа е дека   – сега не е време за такви политички чекори- додека државата  настојува што е можно побрзо да се опорави од економската криза, предизвикана од долгата корона пандемија и од војната во Украина.

Никола Старџен се обиде по судски пат да се избори за правото за ново референдумско изјаснување, но кога и тоа не и помина, затоа што Уставниот сид на Британија определеи дека шкотскиот Парламент во Единбург нема овластување да организира референдум заотцепување без сохгласност на Даунинг стрит 10 во Лондон, таа навести дека следните редовни избори ќе бидат како референдум. Тоа требаше да значи дека уверливата победа на СНП на тие избори би била „плебисцитарно гласање “ за ново изјаснување за независноста.

Проблемот беше и се уште е дека во сегашната ситуација, Шкотланѓаните не се толку силно опрееделени за отцепување и за враѓање кон незвисноста, укината пред 305 години , со доброволната согласнист на шкитската страна, за создавање унија и заедничка држава со тогашна Англија.

Испитувањето на јавното мислење покаува дека мнозинството од луѓето се против тоа- сега да се покренува независниста.

Пораз и срам за СНП

На тој начин се објаснува и оставката на Старџен на лидерската функција и на позицијата прв министер на шкотската влада, во април годинава. Оценка беше дека после сето ова , таа ја има загубено битката за независност на политички план во Шкотска, но и во самата СНП- која беше основната линија на оваа сепаратистичка партија.

Во тие моменти, меѓутоа, не се обрати доволно внимание на скандалот околу работењето на сопругот на Старџен со партиските пари, иако нејзината оставка уследи по апсењето на сопругот Марел, без разлика што тој (засега) не е обвинет.

Во секој случај апсењето и на Старџен е голем удар за самата СНП и во Единбург се означува како срамота за партија која на шкотсата политичка сцена доминира изминатите две децении. Во изјавата по излегувањето од притвор, таа само изјави дека „ситуацијата во која се има најдено е шок и вознемирување за неа, особено што таа не е  виновна за она за што е осомничена“.

(Д,Л.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе