Италија: Бојкот на тестенините поради високите цени
Една италијанска организација за заштита на потрошувачите соопшти дека ги повикала Италијанците на еднонеделен бојкот н купувањето тестенини поради високите цени кои ги имаат наметнато и производителите, но и трговците. И едните и другите оправдувајќи се со високата инфлација, со која се соочува домашната економија.
Цените на популарната италијанска паста е повеќе од двојно заголемена, а владата на премиерката Џорџа Малони и натаму одбива да интервенира за смирување на цените и за заштита на стандардот на луѓето. Почетокот на протестот- со бокотирање на пастата- е најавен за 22 јуни.
Проблемот е во цела Европа
„Сакаме да видиме дали бојкотот ќе предизвика амалување на цените, затоа што веруваме дека во таа една недела, колку ќе трае нашата акција, никој нема да ги купува скапите тестенини. Сметаме дека старата добра англосаксонска традиција за бојкот , како начин на протест и изразување незадоволство, ќе помогне за да се измени нешто и во владината политика“- изјави Фурио Труци, претседател на оганизацијата Астоутенти која и го покрена бојкотот.
Според неговото објаснување, анализите кои ги имаат направено во организацијата , излегува дека цената на тестенините во Италија е целосно во несклад со трошоците на производството.
Италијанската ситуација со инфлацијата и со вискиот скок на цената на прехранбените производи, не е проблем кој се среќева само во оваа земја, туку е во целата ЕУ, како и во сите земји од Европа кои не се во Унијата.
Цените на овие стоки се зголемени и во Америка и на Далечниот Исток, се до Австралија, но многу повеќе се зголемени во Европа/ЕУ . Поскапувањето го имаат предизвикано зголемените цени на производството, како и енергијата, како последица на руската војна во Украина.
Владите го заштитуваат стандардот
Цените на храната во земјите на ЕУ растат иако повеќе месеци по ред се намалуваат трошоците на производството на прехранбените производи, затоа што е поевтинета пшеницата од која се довбива брашно, од кое ( во случајот на Италија) се се произведуваат (се уште) скапите тестенини.
Трговската мрежа, како и добавувачите на прехранбените производи се обвинуваат за лакомост и за тоа дека ја користат европската економска криза за обезбедување екстра профит. Економски експерти, меѓутоа, уверуваат дека тоа не е така, бидејќи профитот во малопродажбата е стабилен , инсистирајќи дека и натаму проблемите ги предизвикуваат зголемените трошоци во производството.
Низа влади во Европа, но и во Европската Унија во ваквата ситуација се определија за интервенција во цените, огрничувајќи го нивниот раст кај основните прехранбени производи, или за договор со трговците за намалување на цените. Целта на овие мерки е да се зачува стандардот на луѓето.
Италија против интервенција
Овие и вакви мерки, главно, даваат резултат и затоа луѓето- како потрошувачи- ги одобруваат, без разлика што некои економисти сметаат дека тие може и да ги влошат работите.
Сепак, владите во повеќе земји-членки на ЕУ, интервенираа на повеќе налини за да се смири домашната јавност. Владата на Франција, на пример, има направено договор со големите трговски синџири и супермаркети за намалување на цените на стотина основни производи и на храната, Како се најавува во Париз, овој договор ќе се продолжи се до есен.
Унгарија која има убедливо највисока инфлација во ЕУ и бележи најголемо поскапување на храната и на прехранбените производи во Унијата, заедно со уште некои други членки, како Хрватска, Грција и Бугарија, на пример, имаат воведено контрола на цените за цела низа производи- како што се маслото за јадење, месото и разни месни производи, како и на брашното и млекото.
Владата на Италија, меѓутоа, одбива да се приклучи на овој блок, инсистирајќи дека ќе го засили надзорот врз цените и контролата на пазарот, но дека нема да воведува никакви ограмичувања, па и за најпопуларното италијанско јадење- пастата.
Примерот на Британија
Тоа и ја предизвика гневната реакција на јавноста, каква што се вели немало досега во некоја земја од ЕУ – да се бојкотира купувањето на тестенини додека не се намали нивната продажна цена.
Покренувачите на кампањата веруваат во успех и во силна подршка од купувачите, повикувајќи се притоа и на британското искуство.
Британија која не е веќе во ЕУ, во ова кризно време, бележи рекордно поскапување на прехранбените производи, а за цените на храната се вели дека се највисоки во последните 45 години.
Владата во Лондон, пак, почувајќи уште од времето на сега веќе бившиот премиер Борис Џонсон, одбива да интервенира за смирување на цените. Инсистира на тоа да му се остави на пазарот самиот да се стабилизира. Тоа предизвика пад на потрошувачката и криза во снадувањето со некои прехранбени производи, но и незадоволство кај луѓето. Сега и од Британија се најавува дека се подготвува владина интервенција на пазарот со цените.