Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

КФОР навлегува на северот од Косово?

КФОР навлегува на северот од Косово?

Американски извори на кои се повикуваат европски медиуми откриваат дека САД и сојузниците од НАТО, најавуваат можност КФОР да навлезе на северот од Косово и да ја преземе контролата врз тоа подрачје.

Станува збор за операција која не би била интервентна, за спречување на евентулани нови насилни судири меѓу косовската полиција и локалните Срби, како што тоа се случи пред неколку недели, туку за операција со која КФОР би ги заменил косовските власти и на тој начин би ја исклучил Приштина од јурисдикцијата врз северот на државата.

„Кризни разговори“ во Брисел

Ова откритие на медиумите доаѓа непосредено пред состанокот што за следната недела го закажа Јосеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешна политика и за безбедност, со српскиот претседател и со косовскиот премиер во Брисел. На министерскиот состанок на Северноатланската алијанса, европскиот прв дипломат соопштил дека ги повикал Александар Вучиќ и Албин Курти на „кризни разговори“ , но притоа не е соопштено кога тие ќе се одржат.

Како и да е, атмосферата на северот од Косово , пред овие разговри, останува крајно затегната, откако косовските власти уапсија припадници на српската етичка заедница, за кои тврдат дека се „криминалци“ испратени од Белград да создаваат немири и насилство меѓу локалното население.

Според приштинските власти тоа се луѓето кои се винови за судирањата на косовската полиција со српското население, пред крајот на мај, кога владата на Курти  ги постави албанските градоначалници во српските општини , по  делумните локалните избори кои Србите (под притисок на Белград) ги бојкотираа , па сега ги прогласуваат за нелегални и неважечки.

Грабнати косовски полицајци

По  апсењето на Србите, уследи контра-мерка, па српската полиција уапси тројца косовски полицајци , тврдејќи дека станува збор за „терористи“ кои навлегле на теритријата на Република Србија –  за да изведуваат „терористички акции“.

Од Приштина, пак, уверуваат дека полицајците биле на косовска територија, дека се наоѓале на 300 метри од косовско-српската граница и дека – едноставо- биле грабнати и насила одведени на српска страна.

Оваа најнова криза само се навлекува на веќе постоечките тензии, по настојувањето на Курти насила, со помош на косовската специјална полиција, да ги внесе на функција новите  градоначалници во српските општини, северно од Митровица.

После ова избувнаа судири во кои беа повредени дури 30 кворовци кои настојуваа да воспостават ред и уште педесетина цивили, од редовите на локалното српско население.

Запад со критки за Курти

Овие настани и избразаните потези на косовскиот премиер , предизвикаа српската страна да се сврти кон  нејзе омилената политика на „замрзнување“ на ситуацијата на Косово.

Но,  и да има изговор за да  се одалечи од преземените обврски (во Брисел и Охрид) за спроведување на агендата за стабилизирање на ситуацијата на теренот , што на крајот би довела до нормализација на односите меѓу Србија и Косово- без меѓусебно признавање.

Наглото влошување на косовската ситуација ( некои велат дека е намерно покрената од Вучиќ и Курти, за внатрешните потреби на нивната  домашна политичка сцена ), ја измести агендата на ЕУ/САД за забрзано чекорење кон нормализацијата и кон европеизацијата на српско- косовските односи, како и на регионот.

Белград (сега) како предуслов за се друго го става создавањето на Заедницата на српски општини ( на северот од Косово). Приштина, меѓутоа, останува на позицијата – прво да добие гаранции дека Косово ќе почне да добива меѓународен легитимитет, како независна држава, со приемот во меѓународните организации.

Казнени мерки за непослушност

Тоа често му служи на Курти и како изговор, за повлекување еднострани потези кои се во спротивност со договорените чекори за попуштање на вкупната напнатост.

Затоа овој пат, токму тој се најде на удар на критиките и од Европа и од САД, па дури и од страна на Тирана, од премиерот Еди Рама. Критикуван е  за преземање непотребни и штетни мерки со кои се  создаде опасна криза . За прв пат, Западот се огласи со остри критики кон косовската власт, обвинувајќи ја дека не се придржува на договореното.

Тоа предизвика бранување и на косовската политичка сцена ( опозицијата го напаѓа Курти дека не смее да дозволи расипување на односите со ЕУ и посебно со САД) ,  посебно откако  од Брисел се најавува воведување – казнени мерки за непослушност.

Тоа не значи прифаќање  невиност на српската страна, но за прв пат, сега се открива дека се размислува за тоа КФОР да ја суспендира власта на Приштина во турбулентната зона и самиот да се грижи за безбедноста на косовскиот север.

(С.Г.)

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе