Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Србија замешана во изборите во Црна Гора“

„Србија замешана во изборите во Црна Гора“

Порталот „М“ од Подгорица тврди дека акцијата за префрлање на Јужнокореанецот Квон До Хиунг, означен како „кралот на криптовалутите“ по кого има меѓународна потерница за измама и проневера на околу 40 милијарди долари,  на територијата на Црна Гора ја има изведено српската тајна служба (БИА) .

„М“ потсетува дека со БИА  раководи Александар Вулин, еден од најдоверливите и најблиски луѓе на српскиот претседател, кој и во српската политичка јавнст важи за моќен човек на Русија во Белград и од тоа извлекува заклучок дека за една ваква тајна операција, која се покажа дека е и политички чувствителна,  морало да знаел Александар Вучиќ.

Нова соседска криза?

Сшоред овој портал кој за својата информација се повикува на црногорски разузнавачки извори,  префрлањето било направено со  автомобил со дипломатски регистарски таблички , но се открива дека сето ова го знаеле и техничкиот премиер на Црна Гора Дритан Абазовиќ, инаку лидера на партијата УРА, се уште актуелниот министер за внатрешни работи, како и шефот на тајната служба на Црна Гора (АНБ).

Подгорички политички аналитичари сега велат дека доколку сето ова е точно, откритето на порталот може да предизвика политички скандал, но и ново нарушување на односите меѓу Црна Гора и Србија и да покаже нешто – во што се сомневаше – дека Белград ( и овој пат) се има силно замешано во црногорските вонредни парламентарни избори.

Особено, откако во екот на предизборната кампања се откри дека Јужнокорејскиот криминалец , пред да влезе во Црна Гора, престојувал во Србија, но  и дека  бил во “деловни врски“ со лидерот на партијата  Европа сега, Милојко Спајиќ. Тој и партијата  важеа за фаворит на избрите од 11 јуни и тие , на крајот, освоија  и најмногу гласови, но недоволно за да може да формираат стабилна влада.

„Кралот“ на криптвалутите со Европа сега

Пред гласањето се разбра дека До Хиунг ја има финансирано  оваа нова црногорска партија и дека  има давано пари и за нејзината изборна кампања.

Самиот тој, отако се најде во затворот во Подгорица, уапсен на подгоричкиот аеродром, под сомнение дека влегол со лажен пасош, пред гласањето од минатата недела. почнал да испраќа писма до локалните политичари, тврдејќи дека Спајиќ има примено пари од него.

Ваквите откритија, се верува во Подгорица, имаат повлијаено на изборите и на конечните резултати, па Европа сега наместо планираните 30 отсто  од гласовите, освои 26  и само едвај два отсто повеќе од паријата на сега бившиот претседател и моќник Мило Ѓукановиќ.

Тајни средби во Белград

За чудните движења на бегалецот од Јужна Кореја низ Балканот, има пишувано и лондонски „Фајненшл Тајмс“ во декември минаата година. Весникот тогаш тврдеше дека истражните органи и обвинителството во Јужна Кореја имаат сознанија дека избеганиот „крал на крипто валутите“ се нашол во Србија.

Порталот од Подгорица тврди дека црногорската влада ги имала сите овие сознанија на увид и за тоа се расправало на посебна седница на тамошниот Совет за национална безбедност.

Седнцата била свикана откако се разбра за писмото на Квон До Хиунг дека „ во декември 2022 година се среќавал во Белград со црногорскиот политичар Спајиќ“- човекот кој  сега би требало да добие мндат за формирање нова влада.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе