Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Протестите во Белград со „новото“ српско знаме

Протестите во Белград со „новото“ српско знаме

На масовните протести низ улиците на Белград- покренати веднаш по масовните убиства во кои беа убиени 18 лица, повеќето деца- од пред извесно време се развијорува – „новото знаме“ на Србија. Тоа веднаш покрена дебата на социјалните мрежи  околу знамето кое се разликува од актуелното знаме на државата . Во реакциите се вели дека видливо е што  „новото“ се појавува  „мошне организирано“.

Правни експерти, за белградската проевропска, независна „Н“ телевизија, меѓутоа,  изјавиле дека ова „ново“ знаме, всушност, е старото српско знаме, кое првпат се има појавено уште во 1835 година, во поранешното Кнежевство Србија , заедно со изработениот прв Устав на државата, означен во српската историја како-сретенски.

„Духот на франкофонството“

Знамето е трибојка- со црвена, бела и сина боја поставени хоризонтално- а на знамето е ставен и  државниот грб, иако во тоа време Србија немала целосна независност, туку само вазален статус во рамките на тогашната Отоманска Империја.

Овие експерти објаснуваат дека и знамето, а посебно изработениот  Устав, се врзани за слободарскиот дух на земјата, но и за настојувањето – новата независна држава да има законита  власт и управа. Се смета дека првото знаме го носело „ духот на франкофоните и на (за тоа време) модерната Европа“. Сето тоа направено и изведено под влијанието на француските револуционерни закони.

Меѓутоа, под притисок на Русија и на Отоманската Империја ,  ова знаме имало краток век. Во настојувањето да се спречи навлегувањето на западниот дух и на француското влијание, знамето било означено како „реплика на  знамето на Франција“ , па било укинато- со декрет на султанот.

Старото и новото

Се појави  одново, после толку многу години,  на белградските улици, во текот на протестите означени како „Србија против насилството“. Но, и на протести на кои се бара  една друга и поинаква Србија.

Проевропски определена,  вистински демократска и граѓанска- ослободена од авторитарната власт и од насилството во општеството  и  од омразата, за што демонстрантите ги обвинуваат актуелната власт и режимските  медиуми.

Старто знаме, на тој начин, има добиено една нова конотација- како своевиден симбол на духот кои го посакуваат и го бараат луѓето во масата која во голем број се собира по седми пат од 3 мај. Од бруталното насилство врз учениците во белградското училиште, за што се обинува власта во Србија за која се тврди дека свесно   потикнува насилна атмосфера во општеството.

Симбол на протестите ?

Некои белградски аналитичари, затоа, велат дека старо-новото знаме може да стане и како некаков симбол на протестите , бидејќи тоа нема ниту династички, а ниту русофилски пориви.

За него се тврди  дека  е „ израз на тежнението на еден мал народ кој уште пред 178 години се насочил кон идеалите на една граѓанска ( француска) револиција, а не за приклонувањето кон друга ( руска) империја“, покрај Отоманската.

Според некои од демонстрантитем  токму тоа е она што и е потребно на денешна Србија и што масата на белградските улици го бара. Тие луѓе сметаат дека  – „време е Србија да стане демократска, европска држава“.

Што се однесува до минатото, од српската историја е познато дека Отоманската Империја од тоа време го има изработно новиот српски Устав, направен под притисок од  тогашна Турција, што српската страна го прифатила за да ја задржи својата вазална, но независна  позиција, па тој е познат како- „турскиот Устав“.

Примерите со Белорусија  и Русија

Од тогаш е и денешното знаме на Србија, на кое боите се истите, но поинаков е поинаков нивнот распорад. Велат дека знамето било предвидено само за потребите на речниот сообраќај, но останало до денешно време.

Целата оваа расправа околу појавата на „ново“ знаме на протестите против насилството во Србија и за демократизација на државата, ја има подигнато тензијата, затоа што ново знаме, на Белорусија, беше истакнато за време на протестите против Александар Лукашенко во Минск, по фалсификуваните избори во оваа земја и неговата брутална пресметка со (инаку) слабата домашна опозиција.

Ново знаме (за државата) исто така  истакнуваат  и противниците на режимот на Владимир Путин, на своите протести (низ Европа), барајќи демократија и човекови слободи во Русија.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе