Имплозија ја уништи подморницата „Титан“
Малата подморница „Титан“ со петмината туристи кои имаа намера да стигнат до остатоците од бродот „Титаник“, потонат на своето прво патување во април 1912 година, ја загубија трката со времето во водите на Атлантикот, откако беше сооптено дека е загубен контактот со пловилото.
Веднаш беше покрената широка- невозможна мисија- да се открие локацијата на „Титан“ и евентуално да се извлечат од океанската длабочина подморницата и луѓето на површината- до четвртокот на полноќ, до кога таа имаше резерви со кислород. Мисијата беше пргласена за неуспешна, кога трагачите по исчезната подморница почнаа да откриваат остатоци од „Титан“, уште пред истекувањето на крајниот рок што спасувачите го имаа поставено.
„Звучна аномалија“
Првата констатација беше дека подморницата е уништена, а патниците во неа се мртви, поради имплозијата (внатрешната експлозија) што се случила во текот на спуштањето кон „Титаник“. Лекари на американската воена морнарица имаат изјавено дека во случај на имплозија луѓето биле мртви во истиот момент.
Сега се открива дека системот за детекција на морнарицата на САД има откриено „звучна аномалија“ во водите на северен Атлантик, каде лежат остатоците на „Тираник“ , па се верува дека тоа е моментот кога се случила фаталната имплозија.
Според британскиот Би-Би-Си морнарицата ја пренела оваа информација до американската крајбрежна стража , која била вклучена во потрагата по малата туристичка подморница во која беа петмината патници, но трагањето сепак било продолжено, затоа што во тој момент морнаричките податоци за „аномалијата“ на звукот , се уште не била конечно утврдена.
Систем од времето на Студената војна
Американскиот весник „Вол Стрит Џорнал“ прв откри за ваквата улога на морнарицата на САД. Се верува дека звукот на имплозијата бил детектиран од тајниот систем на морнарицата за прислушување на сонари со долг дострел, што потекнува уште од времето на Студената војна.
Системот за звучен надзор е создаден уште во педесетите години на 20 век, за да се ловат и за да се прислушуваат тогашните советски подморници во далчните длабочини на Атланскиот Океан. Детали за вклушувањето на системот во потрагата по подморницата „Титан“, сепак, не се изнесуваат, затоа што се означени како-доверливи.
Едно подводно пловило со далечинско управување има пронајдено пет поголеми делови од исчезнатата подморница, која беше долга 6,7 метри и тешка 10.500 кг. на 450 метри од потонатите остатоци на „Титаник“. При тоа, не се споменува дали се откриени и остатоци од човекови тела.
Предупредувањето на Џејмс Камерон
Во меѓувреме се огласи и режисерот на прославениот филм „Титаник“ Џејмс Камерон за кој се знае дека дури 30 пати се има симнато во океанските длабочини- до потонатиот брод- за потребите на филмот, како и подоцна кога тој има направено и книга за најпознаата бродска катастрофа во историјата.
Камерон претходно изјави дека е максимално ризично да се тргна кон „Титаник“, уште како турист и со подморница каква е „Тиан“ за која има речено дека е небезбедна за ваква операција. Според него, локацијата каде лежи потонатиот прекуокеански брод е „најопасното место во светот“ и тој беше против тоа од посетата до таа локација да се прави туризан.
„Вчудоневиден сум од сличноста на оваа, сегашна катастрофа, со онаа со бродот „Титаник“ од пред 111 години“.
„Во случајот на „Титаник“ од 1912 година , капетанот на бродот бил повеќепати предупредуван дека на патот има големи санти мраз, а сепак продолжил со полна брзина да плови, влетувајќи во цело поле од опасни санти. Сега со „Титан“ се случува истото. Не се послушани претходните предупредувања за небезбедноста на малата поморница и за опасноста од патувањето со неа до „Титаник“- има речено за американската ТВ межа Еј-Би-Си Џејмс Камерон.